1 Коментар

Цитати: „И мора да било љубов, но сега е веќе готово“ – Јаневска Марија

Image

И како со сите сили секој нареден момент кој ме потсетуваше на него како да се обидував да го вратам времето и да барав начин да исправам нешто, но не. Немаше ништо веќе. Зар можеш да исправиш нешто кое не е твое да го исправиш. Моето срце не било родено за некој да му верува дека љуби. Убавината го заробила, па сега на чело му пишува дека е сладострасно, дека е неверно, прељубно, заводливо, никогаш негово. А всушност до болка само негово.

И секое утро ветерот на усниве боли. Прегратката со друг во неа е пак празна. А рацете ми треперат на секој чекор поблиску до него. И секогаш како да сакам само да му кажам, верувај ми. Почни од нешто и ќе сфатиш. Дај ми време. Дај ни време. Затоа што потешко не може да биде. Се убивам сама себе секој ден без тебе. Подобро не ме сакај, но остај ме да си го полнам срцето со секоја твоја прегратка. И тоа ќе боли, но бар повремено ќе ме лекува.

И секоја вечер нови солзи извираат. Месечината секоја вечер менува нова форма и секоја вечер ме потсетува колку брзо спомените бледеат. Колку полека полека неговиот допир кој остана на мојата кожа се рони. И секоја вечер ми носи по едно ветување. Си ветувам дека ќе почнам од почеток. Ќе бидам некоја сосема друга. Ќе ја скратам косата и ќе станам бунтовна и груба. Ќе носам горко црвен кармин и црн креон. Ќе го сменам парфемот и ќе живеам во некоја сосема нова приказна. Ќе бидам нова јас. Затоа што само така ќе можам да прогурам се. Затоа што судбината не не сака. Мене ми дала срце да те љубам, а тебе срце кое никогаш нема да го сфати тоа и цел живот ќе се вртиме во круг. Се` додека не заборавиме што беше тоа љубов. И мора да било љубов, но ќе речеме – сега е веќе готово…

 

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=d43qFDxP5o0

One comment on “Цитати: „И мора да било љубов, но сега е веќе готово“ – Јаневска Марија

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: