Напишете коментар

Нашите спомени

ImageИ животот така и ми одминуваше тој период. Знаеш, работа, шетање, по некое кафе, некој нов дечко, кино, едно друго и времето  леташе. Поминуваа месеци, нашиот март веќе стануваше октомври. Толку далеку, а сепак срцево го чувствуваше толку блиску. Секое утро кога ќе излезев на терасата со шолја чај од камилица некаде на хоризонтот се потсетував на се` она што помина додека сонцето блескаше од џамовите од карши и веќе се чувствуваше мирисот на есенско лисје, на липа. Одамна го прифатив нашиот крај, ама знам дека секогаш од далеку ќе го чувам некаде во спомените. Исто онака како што тој ме чува од целиот свет. Исто онака како што некое врапче секогаш му кажува кај сум и тој ми е секогаш во близина иако јас не го гледам, колку да не ми затреба. Како анѓел чувар.

И веќе и спомените од усниве пресушија, солзите застареа, нашата разделба стана веќе стара бајка. Се` на се` веќе се` поминуваше, дури и нашите патеки кои секогаш беа вкрстени, сега се разделија. А кога се оддалечуваш од некој најтешко е што не знаеш дали му недостасуваш или веќе те заборавил. Но јас знам. Тој мене можеби некогаш ќе ме заборави. Но, нашата приказна никогаш.

 

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: