Напишете коментар

Цитати: „Матилда“ – Јаневска Марија

ImageЦел живот бегам. Ете. Цел живот. Е од што де? Од што ќе прашаш. Ама јас пак цел живот бегам. Те од љубов, те од неа, те од сам себе. Е како де од неа. Не е она повеќе тука, ама пак е тука. Цел живот е тука. Живее во мене постојано. Од деветнаесет години. Од денот кога избегав. Од денот кога неа повеќе ја немаше. Ете од тогаш, сум го затворил срцето. И не можам да го отворам. Ме сфаќаш. Џабе ти е. Јас неа ја љубев, тие ја убија.  И јас ги убив нив.

И сега е таа пред мене. Налик на неа, но петнаесетина години подоцна. Истите тие очи како на срна, а силна желба за самостојност, како некоја страст што ќе и се распрсне од градине. И ја сакам. Како да не ја сакам, ама бегам од неа.  И не ме прашувај пак, од што бегам. Не сум јас добар за друга особа веќе петнаесет години. Расипаното е расипано. Не се поправа. Фрли ме негде настрана и остави ме да си ги полевам корењата кои цел живот ќе ги кратам и ќе ги пресадувам. Цел живот ќе бегам од една страна на друга и секое утро ќе ги затварам очите на истоно сонце. Не ми треба ништо друго. Нема прашања, нема одговори, само јас без корења.

Ама се заљубив де. Ете со неа. После  петнаесет години за прв пат посакав нешто друго освен да бегам. За прв пат посакав да бидам среќен, да спијам в кревет и да пуштам корења. Со неа. До неа. Никогаш повеќе без неа…

 

– Јаневска Марија, 2012

(посветено на приказната од филмот “Leon: The Professional”)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: