11 Коментари

Цитати: „Милион причини затоа што го сакам“ – Јаневска Марија

ImageГо сакам поради начинот на кој знаеше да ми го убие стравот. Го сакам поради ретките, но никогаш заборавни бакнежи од кои наеднаш зовривам, образите ми стануваа пеколно црвени, а во стомакот ми се разбеснуваат оние смешни ајкули.

Го сакам поради тоа што не може да кажам те сакам, поради тоа што мрази лигавење, а сепак знае толку добро да ми покаже колку му значам. Го сакам поради непредвидливите прегратки од зад грб и поради неочекуваните бакнежи. Го сакав и кога не сакаше да се бакнува, туку само да се гушка.

Го сакам поради некогаш заредените повици во текот на половина час, го сакам затоа што толку смешно се обидува да прикрие кога му недостигам. Го сакам поради начинот на кој пие само топло макијато, но со ладно млеко, без некоја логика. Го сакам поради неговото искуство и поради неговиот цинизам, каде на секој искажан збор има одредена скриена доза љубов која само јас знаев да ја препознаам.

Го сакам затоа што е манијак во кола, затоа што обожава да изиграва Шумахер, но моето присуство го смирува до тој степен што со мене брзинометарот не надминува шеесет. Го сакам затоа што ми дозволува да му го чепкам радиото и рандом да си меморирам мои музички станици. Го сакам поради грижливоста, и поради неговата груба нежност. Го сакам кога ми ја мрази шминката, го сакам кога ме сака разбушавена и поспана, токму онаква каква сум кога ќе станам од спиење. Го сакам затоа што ми купува чоколадо и црвено вино и ме остава да се напијам, а потоа ме трпи и кога се глупирам.

Го сакам затоа што му ги обожавам бакнежите од зад грб додека спијам, затоа што само тој знае да ме однесе на врвот и да ме остави несебично да уживам таму. Го сакам поради неговите години и поради неговата самодоверба за која тој не е свесен. Го сакам затоа што секогаш ми мириса на класична колонска вода, мастики за џвакање и прегорена цигара.  Го сакам затоа што само тој може да ме трпи, и кога ќутам и се лутам и кога со часови зборувам како навиена. Го сакам  затоа што само тој е тука кога со часови не можам да престанам да плачам, и кога сум неподнослива шмизла.

Го сакам затоа што без него се` ме боли и затоа што без него мојот свет не е цел. Го сакам затоа што знае да ме налути, знае да ме расплаче, но и за исто толку време знае и да ме насмее. Го сакам затоа што ме сака и се бори против тоа. Го сакам затоа што наводно не сме еден за друг. Го сакам од инат. Го сакам затоа што не сакам да го сакам. Го сакам и тогаш кога мислам дека не го сакам.

Го сакам дури и тогаш кога велам крај. Дури и тогаш кога велам збогум.

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=UxOZ6gifTjA

11 comments on “Цитати: „Милион причини затоа што го сакам“ – Јаневска Марија

  1. stvarno imash prekrasni sostavi🙂

  2. Ako imas vreme, i zelba, napisi nesto za vrska na dalecina🙂

  3. dali napisa tekst za dalecina momentalno toa mi treba…..????

  4. Mnogu super iskren i realen sostav,i dosta so prerasute maskite takvi zenskite takvi,site znaat da sakaat i postojat isklucoci,sepak prekrasen tekst,prodolzi vaka❤

  5. се изгубив во бесконечноста, во реалноста која е без здив и шум, но објасни кој е твојот страв. нешто повеќе за твојот страв и за што поточно тој е заслужен да го постиснеш (или изгубиш целосно) твојот страв. ти благодарам😥

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: