1 Коментар

Љубов на наш начин

ImageТаа вечер водеа љубов. Не, тие немаа секс. Тоа беше љубов. Секој момент од тие неколку часа кога застануваше да ја погледне, да ја бакне. Низ маглата од флашата вино и неколкуте реда чоколадо, допирите, моментите кога и запираше здивот, кога чувствуваше силни, а сепак нежни бодежи во стомакот, кои толку смешно ги нарекуваше ајкули. Виното и го беше растеретил татнежот во срцето, наивното срамежливо гласче од внатре, она несигурното од кое и се растреперуваше гласот и и` се тресеа рацете. Оној момент во кој се срамеше од своето совршено тело, неговата блискост го претвораше во минато. Уживаше во неговиот допир, обожаваше да биде испреплетена во неговите воздишки и да се осети така топло, како што само тој знаеше да ја погледне, во правиот момент. Никаде не се брзаше. За него со неа, времето застануваше. Таа го правеше смирен. Наеднаш целиот свет, целиот живот каде беше во постојана трчаница, брканица, таа го смируваше до оној степен, да забораваше на сите проблеми. Во таа граница од години меѓу нив, тој го наоѓаше баш она мало делче кое го исполнуваше. Ја обожаваше нејзината немарливост, нејзината природна насмевка и нејзиното голо тело и лице без грам шминка на него.

Таа вечер за прв пат таа почувствува нешто толку чисто, толку природно. Сета онаа пластичност во која беше израсната ја снема. Неговото искуство знаеше како да ја љуби, знаеше и како да и покаже колку му значи, без притоа да ја исплаши со преголемата интимност. Телото и трепереше те од среќа, те од задоволство, но неговото присуство само ја смируваше.

И кога сказалките на часовникот ја прекрија тројката, се слушаа веќе само преморените воздишки и допирите кога неговата рака се излизга од нејзината. Нејзината дланка остана празна и мокра, а се слушаа само неговите чекори до кујната, до тоалетот, повторно до кујната, па до шанкот… Се чувствуваше мирисот на препиено вино и на прегорен тутун, мирисот на неговата класична машка колонска вода и мирисот на чоколадо од малина. Некаде прескокнувајќи ги штиклите од петнаесетина сантиметри топла, поспана и боса бесшумно заостануваше зад него. Чекореше се` додека во темнината тој не сфати дека нејзините чекори го следат. Се заврте и и` го престретна погледот.

Очите и беа наполнети со солзи. Ги подаде рацете и го прегрна. Ја праша зошто не му кажала дека сака да го гушне. Не можеше да проговори ни еден збор. Остана така скаменета, со детски израз на лицето, како да беше премногу уплашена дека она што го почувствува ќе исчезне ако каже или направи било што. Како можеше да му објасни дека тој вечерва стана нејзиниот свет.

Иако тие не се создадени еден за друг.

Иако тие се создадени еден за друг.

И она болното за момент го растераа. И она обичното го створија посебно. И годините ги направија небитни и општеството немо. Градот наеднаш замолче, наеднаш стана празен. Никој не беше тука да ги осудува. Таа вечер беа само они двајцата.

Не требаше, а сепак беше. Нивната љубов беше љубов на нивни начин.

– Јаневска Марија, 2012

One comment on “Љубов на наш начин

  1. Ajde poveke vakvi tekstovi ,nekoi od iskustvo ,a neko pak fantazija ,da citame de!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: