Напишете коментар

Крвави усни и мокра перница

ImageЦела ноќ лежевме како во некој грч, но сепак целосно опуштени. Знаевме. Немаше веќе што. Тука беше или крајот или почетокот. Ноќта ни беше пресудна. Како за прв пат да не сакав да се раздени, сакав да останеме заглавени во времето и просторот. Баш овде во овој кревет , само јас, тој и ѕвездите. Голотијата не сметаше, топлината зрачеше од секаде, а единствената светлина доаѓаше некаде од небото. Немаше никаква сексуалност, ниту нешто валкано, само една предлабока интимност од која почнаа да ме полазуваат морници. Му реков дека се плашам и го замолив да остане вечерта со мене. Само климна со главата немо гледајќи ме во очи, и нежно ми ја погали косата, а потоа лицето и застана на усните. Бевме свртени еден кон друг, но беше премногу болно. Рече дека не знае дали ќе поднесе да ме сака и дека не сака да ме сака. Знаев дека стравот е преголем, но некаде во себе се надевав дека љубовта која ја чувствува е поголема.

По некое време само ги затворив очите и сакав  да заборавам на се`. Само сакав да го прегрнам, но се сврте. Таа вечер не заспав. Ги чувствував неговите солзи иако не ги гледав. Воздишките негови кои тешко одекнуваа, длабоко во мене копаа бразди. Насекаде околу мене. Тишината беше длабока, одвратна, горка. Имаше окончано една крута линија на лицето, имаше закачено еден сериозен замрзнат поглед кој не дозволуваше ни лед да пробие кроз него. Но, јас чувствував. И не можев ниту солза да пуштам. Стравот ме замрзна. Не сакав да го изгубам, а не можев тоа да му го кажам. Или ќе избега од стравот или ќе остане да ме љуби. Одлуката беше негова.

По неколку часа како во некоја бессона состојба да се заглавив, па не сетив дека веќе се разденило. Низ клепките наѕирав, но не сакав да ги отворам очите. Не сакав да видам дека не е тука. Се` уште си велев дека е до мене. Засекогаш.  Ја поместив раката на перницата и осетив силна болка некаде во стомакот. Како милиони ножеви да ме расекуваа од внатре, а јас крварев. Тоа утро ги отворив очите за прв пат со страв и осетив празнина во градите, болка во душава, крвави усни и една мокра перница.

Ги собрал алиштата и го оставил така чаршавот изгужван колку да ме потсеќа дека некогаш бил до мене. Но, никогаш повеќе тука.

 

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=JjMMUiag8Y8

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: