1 Коментар

Цитати: „И после се`“ – Јаневска Марија

ImageИ немој да ме прашуваш зошто твојот број не е повеќе во мојот именик, ниту зошто не ти го препознав гласот кога се јави. Немој да ме прашуваш дали сум истата јас. Ни ти не си истиот ти. Она „ние“, ти го уби онаа ноќ кога ме убедуваше дека не ме сакаш, а ме убеди само дека нашата љубов одамна сме ја погребале. Овој ТИ кој сега стои пред мене, ми е ти – мојот пријател, ти – мојот познаник. Оној ТИ кој го сакав најмногу од се` не постои повеќе за мене. А мислам дека и самиот си свесен колку те сакав. Да, ТЕ САКАВ, и среќна сум што тоа го кажувам во минато.

Јас сум девојка која знае и да се понижи за љубовта, и ти најмногу си свесен за тоа. Јас сум девојка која знае да ја продаде гордоста за оној кој го сака без да се сврти назад, но и девојка која кога чашата ќе се прелие и ќе се скрши, не пробува да ја залепи, туку ја фрла и вели: „Толку од тебе. Ти и онака не ќе носиш вода подолго од два-три месеци.“

Јас сум девојка која не врти нов лист, туку мења цела книга. И не, книгите не ги палам, ги оставам на некоја полица која цел живот ќе фаќа прашина, бидејќи јас не се каам, јас не сум огорчена, и после се`, сакам по добро да те памтам.

 

– Јаневска Марија, 2012

One comment on “Цитати: „И после се`“ – Јаневска Марија

  1. dobro e,samo menja treba menuva da bide

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: