4 Коментари

Колумна: „Дискутабилноста на убавината“

Image

И таа вечер се прашував колку е дискутабилна убавината. Дали е таа причина за секој вид на успех. После се`, едно општество од 21 век, дали навистина зависи само од естетското, затоа што ако е така, нели тоа значи дека на нашево најубаво општество со годините ќе му дојде крајот?

Најмногу се прашував дали сите оние девојки кои се фотографираат во долна облека навистина се убедени дека се некои си првокласни модели, или пак тоа е она во што веруваат оние батки по кафичиве,  дека ако спијат со една „таква“ девојка, со нога два метра (небитно дали е крива) и со алкохол во поголем процент од крвта дека се фраери? Дали тоа навистина ги исполнува или е само до сексот, само затоа што легнале „добра“ риба? Најмногу дискутабилна беше гордоста на овие девојки во моиве очи. Некои од моиве пријатели ќе речат, провинцијалки се, целта им е да се омажат за некој скопски фраер со дебел новчаник! Но, јас знам дека не е баш така. Всушност, познавам многу девојки од другите градови кои се борат за својата позиција во Скопје и тоа со гордо крената глава, а не сукња.

Не ми беше јасно. Дали Скопје одеднаш стана метропола, па почна да шири некој вирус и наеднаш на сите им е најбитно да бидат видени на правото место, во правото време, со правите луѓе? Или овој стандард не направил глувци кои се борат и се јадат живи само за престиж и за пари, без да ги ценат вистинските вредности? И дали оние вистински вредност за кои не учеле мама и тато уште се сметаат за вистински? Или тоа е веќе старомодно?

Не знам за вас, но искрено, се осеќам одвратно кога некој ќе ме класифицира како „секси риба“, затоа што за мене секси „нешто“ станува само парче месо, станува предмет, објект, а јас сум личност, бог да чува! Освен изгледот, дали некој ме прашал како ми поминале оние непреспани ноќи, каде предозирана со кофеин се борев со книгите за поен плус кој ќе ми носи десетка или деветка? Или дали некој кога ќе ме викне да излеземе знае да разговара за нешто друго освен срце, маче, душо, злато и да ме мерка од глава до пети?

Ова општество си го прави своето, но дали ние го прифаќаме тоа? Зар толку станавме материјалисти? Јас полека почнав да го прифаќам, но не можам да се помирам. А вие?

 

 

– Јаневска Марија, 2012

4 comments on “Колумна: „Дискутабилноста на убавината“

  1. Убавината е површината, она што е достапно за човековите оценувачки очи, па секако дека си има влијание. Еве на пример, кога некој ќе ти каже дека си секси, би значело дека ти се восхитува на надворешниот изглед, а не ти кажува дека си паметна, затоа што не го гледа тоа нели, од прв или втор пат. Но ќе се согласи да излезе со тебе затоа што видел дека си убава, а сигурно нема да излезе со тебе ако слушне дека си паметна.

    Ете и градов, го исфорсираа со споменици, фасади и слично, колку да го направат поубав, нешто како метропола. Надворешниот изглед на градов ќе допринесе по некоја инвестиција од странство тука, бидејќи површно гледано ќе имаме јака претстава. Но кога некој ќе се продлабочи во вистинските перформанси ќе увиди дека сме многу слабички внатре, а изгледаме на нешто моќно. И пак ќе постои шанса да инвестира, затоа што иако за многу луѓе беспотребно, сепак се вложувало и веќе ‘Скопје личи на нешто‘.

    Убавината сепак не е пресуден фактор за оние што гледаат малку поопширно, но за жал не сите гледаат така. Луѓето заработуваат само поради тоа што се убави, манекенките не треба да прават ништо освен да се грижат за својот изглед. Тие заработуваат и многу повеќе од оние кои што се дозираат со кофеин секоја колоквиумска/испитна сесија, и ‘рмбаат физички или психички. А не значи дека не се убави, туку го одбрале малку потешкиот пат.

  2. да ама откако ке свати дека си досадна,проста си и нема за што значајно да прави муабет со тебе за што ке му е убавината твоја?а и фала богу ние не зборуваме само со убавите луге нели?,за да сватиме дека многу подобро се цуствуваме со ниското сиромашно девојче кое не засмејува,отколку со долгоногата шмизла која прави да се чуствуваш одвратно и депресивно
    А првиот впечаток не е толку важен бидејки тој посекако подоцна се менува,откако ке го запознаеш човекот,внатрешно,
    кога ке дознаам дека некој е убав внатре,автоматски ми станува поубав и надворешно…башка и убавината е минлива работа,таа манекенката со годините ке се здебели,и што потоа? Мене не ме привлекува само убавината на некого,туку и неговите мислења,начин на живот и работите кои ги прави.
    сексот е за една вечер,но за секс можеш да си викнеш и проститутка па задоволи се!
    Се вели,моето си го носам со себе…
    имаш пари во банка,за еден момент можат да исчезнат,имаш чисто и младо лице со тек на времето папаа,но знаењето и карактерот? тоа никој не може да ти го земе!!
    а и мислам дека лугето сега се површни бидејки така е полесно,сигурно полесно е да не јадеш отколку да научиш сто страни така?
    а и колку време можеш да бидеш манекенка? до 25.. а потоа?
    знаењето е сила,знаењето е мок,и со знаењето се успева во животот,па и за како да станеш убав за првиот впечаток и привлекувањето

  3. Мислам дека сите зборите за едно исто ама на некое различно ниво. Ова во продолжение е мојот фејсбук статус кој сеуште не е објавен. Мислам дека ќе го долови сето тоа што сакате да го кажете. Однапред се извинувам за некои несоодветни зборови и печатни грешки, но ќе ве замолам да обрнете внимание на идејата.

    Посакувам да бев многу грд. Така може ќе имав помало его… Физичката убавина не е заслужена, а вредноста која и се дава е далеку од реалната. Со 1 збор физичката убавина е проклетство. Таа создава илузија на совршенство, филм во кој колку си поубав толку повеќе важност им се дава на твоите срања. Луѓето свесно ја ставаат убавината како маска пред не зрелите, глупави и срамни постапки. Обично тоа успева поради илузијата која ја ствара убавината кај запечени идиоти кој немаат психа да се исконтролираат пред инстинктот. Некој вика дека симетријата и совршеноста на телото зборат за здравјето на личноста… јас би рекол дека тоа повеќе збори за тоа колку си прост, одколку здрав, (поткрепено од тоа дека кога си убав речиси сите мислат дека си совршен, а во тоа спаѓа и најпаметен и најобразован и најперспективен итн итн… па ти нема потреба да се трудиш за ништо, едноставно имаш не заслужен врховен авторитет кој си го земаш здраво за готово).Оваа теорија ме прави и мене глуп, но се надевам дека ќе се искупам барем малце со тоа што се борам против сите оние кои ја ставаат физичката убавина пред гревовите што ги прават ’убавите’ луѓе. Се додека разголени глупачи како Сораја и онаа како се викаше… Кардашијан ги полнат насловните, се симбол за успешен човек на нашава ни младина па и старина и додека заради разголени деколтиња се игнорираат врвовите на човечкиот напредок поради вакви примери, оваа планета никаде не оди…. Можеби ова е последица од незнаењето на смислата на животот али да не навлагам до толку. Има уште многу вакви фалинки што иако ги гледаме ретко кој се осмелува нешто да смени, а тој што се обидува е брзо заборавен или истролан (тролач – сењак што презентира логика со плитки и контрадикторни глупости, за него логики, со цел да искочи паметен) Јас со тие малце луѓе кои вистински сфаќаат што зборам и не ставија лајк за да докажат дека сфатиле што зборам мислејќи дека сега станале попаметни, ќе се обидам да ви го направам носењето на лажни вредности многу тешко. Не викам дека нема убави луѓе кои се паметни, но тие се поретки одколку што мислите и не, не сите што ставивте лајк сте такви. Статусов е испириран од мојот фејсбук ѕид кој е одличен пример за лажни вредности и ’паметни’ тролачи.

  4. Да…убавината е површна…но истото го прават и девојките..кога си навечер излезен ..те пратат како си облечен…дали си “ брендиран “ ..а не дали си со вкус облечен…и дали имаш сикс пак…мене ми се случи да девојка …фалкутетски образована …за која имав навистина добро мислење ..и која притоа е од Скопје ..од реномирана фамилија …у заносот пред секс ми прокоментира..како тоа јас немам затегнати мускули на стомакот…( не дека имам и стомак )….мислам дека комплетно се изместени ставовите и барањата во машко -женските односи воопшто

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: