Напишете коментар

Цитати: „Твојата малечка казна“ – Марти

Image

          „Знаеш ти се. Го познаваш светот, ги знаеш сите улици, сите светилки и мрачни ќошиња. Сите тие ги чуваат твоите слатки тајни како верни пријатели. Сами по себе тие не можат да прозборат, но оној кој тебе те познава може лесно да ги прочита. Со самото твое постоење ти насекаде оставаш траги, случајно или не. И тешко е човек да те заборави, признавам… Но ќе дадам се од себе, иако не сакам. Но не е онака како што мислиш. Можам да пишувам со денови, со часови, додека одам и додека спијам, во главата имам енциклопедии напишани под твоето име.. Сега е поразлично. 

           Само погледни ме сега. Се знаеме. Иако тешко, ти добро ме научи. Знам дека и без да ти кажам, ти ќе ме прочиташ. Епа еве ти ги очиве, моите длабоко сини очи, и почни. Отвори ја првата страна од твојата омилена приказна и, ако можеш почни да читаш! Не ги затварај очите пред мене, безнадежно се мачиш. Ти и онака знаеш се, срцето ти знае. Сакам само да те потсетам што направи. Само сакам да погледнеш низ моите очи, земи ги барем на секунда и почувствувај, бидејќи срцето не ти го давам. Не за друго, се плашам за тебе. Се плашам затоа што ти ги знам границите.. нема да издржиш ти. Во него се собрале сите емоции, а околу нив оганот направил круг па не ги пушта.. Знаеш внимавај, може да се изгориш, но не ми е тоа намерата. А и не сум таква, често велам „било-поминало“, па можеби и затоа сум страдала. Но ако, не ми е грижа. Ти и онака доволно се упропасти себе си, јасно ти е, така? Јас барем знам дека сум сакала, онака наивно и искрено, со целото срце и душа. И сега покрај сите страдања моите очи сеуште го имаат оној сјај, сјајот кој не згаснува. Тоа е разликата помеѓу нас. Разликата која не раздвои, разликата на која, впрочем ти и дозволи да го направи тоа. 

           Беше егоистичен и софистициран во исто време, ме сакаше, но ме отфрли – во исто време. Ти си храбар, но и плашливец.. во исто време… Епа жалосно е, а вистински вредевме. Двајцата знаевме, но јас повеќе не сакам да знам. Ти си ми минато, оставено некаде на полиците со прашина. Некоја стара приказна која, и покрај се, сакам по добро да ја памтам. Приметуваш рамнодушнот меѓу редови? Сурово е, ДА! Но ТАКА е сега. Јас немам грижа на совест, но ти свесно си ја препиша твојата малечка казна која вечно ќе ја плаќаш…а не мораше. “

 

– Марти, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: