Напишете коментар

Цитати: „Две во мене“ – Ana Petković

ImageНека зборат делата! Пушти ги нека ја раскажат приказната која јас така едноставно ти ја раскажував. Знаеш, јас не сум комплицирана. Лесна сум за разбирање. Плитка за читање. За вистинските сум божица, за погрешните ороспија.

Не умеам да ласкам. Со зборови те китев само тогаш кога тоа ти беше потребно. За да те подигнам од мракот во кој беше западнал. Тогаш те издигав во височините. Зборував во суперлатив. Тогаш чувствував како растеш. Надоаѓаш. Се развиваш од слабак до Луцифер, за момент. Осетив како врелина се шири околу тебе. Видов како твојот лик се менува. Моите зборови ти даваа моќ. Моето присуство храброст.

Многу долго те издигнував. Знам јас како треба со зборовите. И тие не се празно лупетање. Моите зборови се лесни, а моите реченици смислени. Некогаш духовити, некогаш утешни. Некогаш сурово реални. Но секогаш искрени. И вистинити. Затоа и толку ти се насобра. Затоа си сега она што си. Слеп поред очи, додека чергариш низ животот.

Јас нежно ги затапкувам своите патчиња. Не газам по поплочени патишта. Одам по трње и прашина низ џунглата. И не носам меч за да го пресечам секое дрвце кое ме избодело. Само полека го вадам трнчето и продолжувам. Имам многу лузни. Додека се свежи, прашината се лепи по нив, па печат. Многу пати плачев поради тоа. Солта од солзите ми ги отвараше раните се` повеќе. Ги раздоруваше. Мислев дека се расцепувам од болка.

И така и беше. Две се во мене. Една со склопени и една со раширени крила. Онаа со склопените ме прави ранлива. Женствена и нежна. Нејзиниот поглед е како на едно дете, она се` уште мириса на млеко и колачиња. Скупчена си игра со праменот од нејзината свиленкаста коса и кога збори, исто како да си потпевнува. Мила е и мека. Не ја заслужуваш ти неа. Не ти дозволувам да се китиш со моите бели перја! Белото не ти стои. Не знаеш да заблескаш, не знаеш да се покажеш. Тоа е затоа што си обземен со горчина. Затоа што си завидлив. Затоа што пошто-пото сакаш да бидеш супериорен. Затоа и веќе не постоиш. Затоа си, иако жив, сепак мртов во својот сопствен град.

И не те закопаа овие мои раширени крила. Таа страна од мене не е ниту одмаздољубива, ниту пакосна. Она инатот го става под гордоста. Нејзе и е чистиот образ над се`! На неа се осуди да гаѓаш со камен. Но, таа ти врати со леб. На нејзиниот образ плукаше со прости зборови, се обиде да ја привиеш за себе со сплетки. И сам веруваше дека ќе успееш во тоа. А успеа само онолку колку што ти дозволи таа. И тоа не можеше никако да го знаеш.

Сам себе си залепи шамар. Не те ранија моите крила. Иако ги имам, јас не летам. Јас одам. Јас знам што е среќа. Ајде кажи ми ти нешто за среќата? Ти, кој се храниш со туѓа несреќа и како паразит ги зариваш своите пипки во здравото месо. Грабливо ја цицаш болката од него. Се шириш до непрепознативост. Тогаш имаш поглед на лудак и морничаво задоволство во насмевката. За тебе среќа е само да земаш, а никогаш да дадеш.

Не можам да те мразам. Не можам да те жалам. Не можам ни да те сакам. Твоето постоење не можам, а и не сакам да го оспорам. Ти, сепак, мора да имаш некоја поента со самото тоа што се будиш секое утро. Можеби твоите црни подочњаци се потсетник дека денот не е ноќ. Дека е невозможно да живееш од денес до утре, без соништа и без желба. Без цел.

И твојата песна не звучи повеќе исто. Твојот глас сега е рапав. Од тебе не излегуваат повеќе никакви емоции. Сам себе се убеди дека си добро. Но не и сите околу себе. Затоа и веќе не звучиш исто. И не изгледаш така. Затоа си сега сам против се`, а можеше да бидеш рамо до рамо со сите.

Јас можам да ти се пикнам под кожа нечујно. Да се нашминкам и да ставам маска на лицето во еден потег. Дозирано сум безобразна. И најверно верна. Ја сум она што сакам да бидам! А ти ништо повеќе од она што си – просјак.

 

Ana Petković, 2012 

(преведено и адаптирано од оригиналот http://bit.ly/PPQCqC)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: