Напишете коментар

Приказната од празната рамка

Image

Тој ден случајно се сретнав на еден паркинг со една бабичка која не можеше да ги доноси своите торби, па се понудив да и помогнам. Ми рече дека живее тука близу, на десетина метри. Ги земав и и` помогнав до таму. Пред дворот ми рече да влезам и да се напијам нешто ако сакам. Се согласив бидејќи немав некоја работа, а бабичката искрено беше права дама за своите години. Седнавме на трпезариската маса, каде имаше некои љубичици и едно бело миљенце. Се загледував на ѕидовите каде многу фотографии беа само спомени од нејзината младост, а потоа меѓу сите тие урамени слики, имаше една празна рамка, дрвена рамка со боја на жолто лисје. Наеднаш порцеланските шолји заѕвечкаа во моментот кога ги постави пред мене, а потоа и оној силен мирис на штотуку приготвено турско кафе кое ме разбуди од таа љубопитност со која зјапнував кон празната рамка. Седна до мене и сркна набрзинка, а потоа благо се насмевна. Тогаш и ги забележав сините како џамлии крупни очи кои носеа некоја младост во нив, некоја заробена убавина и се насмевнав. Кога повторно се наѕирнав кон сликите каде стоеше и празната рамка таа проговори некако тивко, но како да сакаше да посочи на добро нешто.

– “Таа слика го доби своето место таму заслужно. Беше еден драг спомен, кој никогаш не сакав да го заборавам, знаеш чедо…”
– “Кој беше на таа слика?”
– “Таа слика е една прекрасна љубовна приказна…”
– “Но, зошто тогаш не е повеќе таму? Што се случило?”
– “Ех, дете, таа сама по себе беше прекрасна, но непостојана, не вредна за да се спомене. Вредна за заборав. Животот продолжува. Тоа бевме јас и тој. Јас не знаев како да задржам некој кој е роден да заминува. Бев премногу млада, знаев само да сакам… А тоа веројатно него не му беше доволно. Затоа и стои таму само нејзината рамка. Таа приказна замина одамна, но трагот од споменот сеуште живее во мене.”

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: