Напишете коментар

Цитати: “Заминувам” – Јаневска Марија

Image“И доста ми е од тој твој страв од љубовта. Доста ми е од сите твои игри, те топло те ладно, те прегратки те солзи. Доста ми е од твоите блуднички игри и мангупски фазони, доста ми е глумење и играње монопол каде девојките како јас се само уште едно поле. И да! Баш така како што и самиот кажа – заминувам. Заминувам и не се враќам назад. И не, нема да ја променам својата одлука на првиот твој романтичен гест, затоа што веќе те научив. Ова е конечно. Заминувам вечерва. Среќата веќе ја закотвив некаде на југ, а глупавите соништа за тебе ги удавив некаде на север. Мене ме чека некаде некој кој ќе знае да ме сака онака како што заслужувам, оној кој ќе знае да ми подаде рака кога ќе паднам, оној кој ќе ми ги брише солзите при секоја тага, а ќе биде извор на мојата постојана среќа. А ти продолжи да глумиш мангуп, продолжи да глумиш дека ти е сеедно дали си сам против светот, затоа што наводно ако сам се родиш, сам и ќе умреш. Спиј си ти со таа теорија, а јас ќе ја побарам мојата сродна душа. Јас бар искрено љубев, а ти? Ти можеш само да си ја затвориш устата следниот пат кога ќе ме видиш, затоа што тоа повеќе не ќе сум јас.”

 

– Јаневска Марија (Затоа што те љубам, 2012)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: