Напишете коментар

Цитати: “Затоа што те љубам” – Јаневска Марија

Image

“И не. Немој да ги повторуваш истите зборови како касета на навивање. Не можам. Знам дека секој пат се враќаш заради едно нешто, но стравот си го прави своето, па го кажуваш она другото – грешката поради која повторно се враќаш и пак се` вртиме во круг. А знам дека боли. И не ме прашувај зошто те сакам. И јас се прашував кога не бев сигурна. А кога сфатив дека те сакам, веќе не ми беше ни важно да дознаам. И тешко ми е што вистинската љубов ми е толку болна и комплицирана. Тешко ми е што колку и да се борам, сама не ќе можам да ја задржам, но бар среќна сум затоа што ја имам. Макар и не до мене. Биди среќен што си ја сретнал и потруди се да го совладаш стравот кој те прави егоистичен, па задржи ја. Затоа што некои луѓе… некои луѓе се` би дале за да се почувствуваат така, бар за миг. И немој да мислиш дека ако одиш, јас ќе бидам среќна и ќе заборавам, затоа што ваквата љубов не се заборава. Ваквата љубов е среќа потешка и од тагата, отсуство поприсутно и од присуството. Таа е причината зошто се раѓаме и мотивот зошто живееме, копнежот зошто се бориме и спокојството кога умираме. Бидејќи кога не љубиш отсуството те потхранува, но кога љубиш истото те убива. “

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: