Напишете коментар

Судбинска

ImageИ така беше тоа написание

Една недела наутро

Едно сончево пладне

Една мартовска недела

Две улици

Споени отсекогаш

Но невидливо десет години раздвоени

Две колишта

Еден отворен прозорец и еден семафор

Едно црвено светло и чекање како од вечноста

Дим од цигара и некоја мангупска мистерија

Свесно наивен поглед

И едно плаво око

кое некаде од лево ја побара љубовта.

 

Била ли судбинска песна

Била та поминала

А ако не поминува онаа судбинската

Тогаш зошто тлее, зошто бразди копа

Тогаш зошто саде крај до крај

Саде солза до солза

Саде бол од бол поголем

Или судбинска била

За мене и тебе несудена

Судбинска засекогаш љубена

Каде две срца горко капат

Каде плаво око солзи солзи

Еден дим од болка струи

А една цигара од инат на немаштијата

Од инат на судбинската

Една цигара така од инат гори.

 

А судбинската наша

Кој ја немал – пуст останал

Кој ја сретнал, а ја немал – тој умрел

А оној кој ја имал – во бол живеел,

Некаде написание оставил и бар се родил

Се родил, а можеби и живеел.

 

 

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: