2 Коментари

Цитати: “Искалкулиран ум” – Јаневска Марија

Image

– А цело време мисли на неа. Навистина не ми е јасен…

– Еј те молам не ми го збори. Таков човек ти е тоа. Како мало дете се понаша. Оди па докажи му. Не виде прееска? Не ми се мешај, не ми се мешај, а не поминале 5 минути пак му е она у уста. Знае дека ја сака ама од што е глуп нека седи сам! Инат, бре, магарешки! Ако му е!

– Па добро ти не си зборела со него. Не ти кажал зошто праи така, зошто не ја бара.

– Зборев. Уствари не зборев, му натропав се`! И мислиш имаше некој ефект. Ќе се чукне малце во тоа главата, ама касно ќе му биде кога ќе сфати што направил. Колку она по него, толку он како да се плаши. Не и верува ама ич, знам јас, и сфаќам дека некогаш бил изгорен ама…

– Никоја нема да го чека вечно да сфати.

– Се откажа веќе она. По гласот и се познава. Ах, а жалосно. Да ги видиш заедно – толкава љубов ни на филм не сум видела. Мислиш од роман некој скинал страна и ја осликал.

– До толку ли?

– До толку, до толку. Свесна е дека никој нема да сака како него иако е мала, ама он не е. Јасно и е што и се дешава, ама не може да го натера на ништо. А и веќе не ни се обидува. Се обидуваше цело време, што се` не правеше, ама сега веќе се откажа… Кретен, остај го, жити господ! Со тие негови тези и претпоставки, само ги одалечува од себе оние што се грижат за него. Глеаш и мене што ми праи, џабе сме цел живот другари.

– Може ќе се свести, може ќе се јави.

– Ах… Не знам. Јасно ми е, потполно го разбирам. Се плаши. Толкава љубов не е лесна. Ама тој веќе не верува у љубов, не верува во ништо. Не верува во нејзе, а пак се осмелува да не ја изгуби. Толку себично и толку тажно.

– Не би сакала да сум во негова кожа.

– А кој сака. Како што вика другарка ми, големите луѓе, трпат големи болки, прават големи грешки, љубат големи љубови, и трпат големи порази. И смешно е тоа како луѓето што најмногу сакале, успеале најмногу да изгубат. Ама среќни се тие што се родиле како такви. Таа љубов е ретка. Но и ретко кој знае да ја сочува… Се додека љубиш времето не е важно, вложеното време во љубота не е изгубено време, но големите луѓе не можат против својот искалкулиран ум. Затоа и се откажуваат прерано, а умираат предоцна, за цел живот во каење да се сеќаваат…

– Јаневска Марија, 2012

2 comments on “Цитати: “Искалкулиран ум” – Јаневска Марија

  1. E bas bese za citanje :)))) S to ti e internet kako globalno selo🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: