Напишете коментар

Цитати: “Шмизло, зошто ме сакаш?” – Јаневска Марија

ImageМи лежеше на градите и немо гледаше кон плажата. Беше еден тивок момент иако во близина се слушаше гласна музика од локалниот бар. Но, бар мене, вака заедно ми беше многу тивко. Брановите беа како пригушени, а месечината си го правеше своето. Како што дуваше ветерот така се подлабоко го почувствував нејзиниот мирис, па се поднавалив и ги допрев усните за нејзиното чело. Се скамени. Ја поткрена главата и занемено наивно ме погледна. Како да ме прашуваше дали сето тоа беше вистина или заспала така лежејќи во мојата прегратка, па сонува. Се насмевнав во неверување на нејзината искрена заљубеност. Единствено тогаш се осудив да прашам “Шмизло, зошто ме сакаш?”. Ги затвори очите, ја спушти главата и тивко одговори: “Не знам, и воопшто не ми е важно да дознаам.”

И ме прегрна. Ги испружи рацете како мало дете и замолкна. И` го слушав само рамномерното дишење и го почувствував нејзиното спокојство. Како да знаеше дека беше само моја.

Тогаш веќе знаев се`, а тоа беше и повеќе од доволно.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: