Напишете коментар

Цитати: “Некои љубови не умираат” – Јаневска Марија

Image

– А криво ти е нели? Би се вратил назад да можеш…

– Ма тоа не е ни битно сега веќе. Остај таа работа. Било поминало.

– Ама јас знам дека ти е битно.

– E oд кај тоа?

– Па секогаш ти го познавам тој поглед кога збориш за нејзината немарливост…

– Па јас никогаш не сум ти кажал за неа, ова е прв пат!

– Не. Често зборуваш за неа. Секогаш кога ќе почнеш со “Имав еднаш една другарка” знам дека е тоа она… Некои љубови не умираат, нели?

– Умираат, не ли гледаш?

– Од ова што го знам, баш напротив. Оваа љубов нема ни да умре. Тагата е она што преостанало во спомените…

– Поминало многу време. Веќе се` е друго. Завршила таа приказна.

– Не завршила. Се` додека се сеќаваш, не поминало.

– И што има тука толку посебно. Не е важно тоа веќе, дете, понатаму во животот кој кого колку сакал, сфати. Тоа се приказни на младоста. Семејството е она битното. Оној кој ќе ти биде вечен сопатник.

– Не го сакам тоа. Од спомените не се бега, тие се твојот вечен сопатник. Па, макар и да се само спомени, тагата е величенствена, а приказните зад неа уште повеќе!

– Ма мала си уште, не разбираш.

– Исто како и ти, тогаш…

– Јаневска Марија, 2012

(http://www.youtube.com/watch?v=i41qWJ6QjPI)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: