1 Коментар

Чекање

ImageЗнаев дека мојот живот носи само дождови, дождови и дождови… Дождови сиви како громогласна црна бура, која со татнежот носи страв, сомнеж и покајание. Дождови темни, како ноќ. Темни како најтемната бездна во која човекот запаѓа без своите најмили…. Дождови ладни како една мразно ладна игла, која со тенкото остро заврвенесто врвче ни го боде срцето и ни прави нови рани.

Но, наеднаш… една светлина во таа магла од плач и солзи  ја изми крвта која се лееше од моето рането срце. Светлина која донесе нежен ,но сепак силен ветар кој ги истера јаглените сивила од дождливото небо. Водените капки сеуште го красеа небото, но овој пат тоа беше еден дожд топол кој буди надеж.  Тоа беше еден дожд кој навестува сонце и илјадници бои виножитни… Дожд предвесник на нешто ново, нешто убаво како солза чиста.  Нешто што ја прокопа и најдлабоката рана во мене и ја излечи најголемата болка на мојата душа.

Како светлина која ги осветли темно-зелените бои на мовот кој растеше диво низ камената патека по која чекорев од стариот трем, како благодет кој ја разбуди надежта која долго беше спиела во мојот сонлив живот ,нежно ме погледнаа тие очи меѓу илјадници капки дожд. Ме чекаа од другата страна на рајот, ме чекаа да ме потсетат дека секогаш биле до мене и секогаш ќе бидат.

Срцето ми затрепери еднаш, де од среќа, де од тага. Толку беше иронично чудно како судбините се менуваат толку толку брзо. Магловито. Фуриозно. Едноставно брзо. Повторно чекав, иако срцето ми иташе кон него, кон таа друга страна на земскиот рај. Но, јас чекав. Судбината ме беше прелагала толку многу пати, па јас чекав уште една лага на оваа сомнително среќна приказна. Уште една горка болка и не се надевав. Надежта ја држев притисната во мојата дланка и ја гушев. Не сакав уште една болка надевајќи се на нова судбинска илузија.

Но ,тој  сеуште беше таму. Стоеше на дождот додека сочевите зраци полека ја огреваа старата смоква на мама – како да сакаше да ми даде некакво одобрување на мојата среќа, како да сакаше да каже “Оди чедо мое, биди среќна!”.  Радувајќи се на сите оние бои кои го обоија сеуште дождливото летно небо, ја гледав смоквата која расцутена ги имаше обоено плодовите во лилави бои, бои на кои мама најмногу се радуваше. Кристијан сеуште стоеше полн со надеж и сигурен во својата одговорна безрезервна љубов. Не можев да не верувам повторно во вистината и не можев одново да ја негирам судбината која ми даде нова шанса. Размислував долго време. Размислувањата – помислив –  некогаш мораа да запрат.

Па ,затоа се подадов кон неговата грамадно висока силуета низ жолтата магла од летен дожд и ги побарав неговите сини очи полни со љубов кој ме чекаа во својата широка прегратка. Истрчав како нозете да ми прооделе за прв пат, истрчав како дете кое се подава кон својата мајка. Истрчав како тоа да ми беше последната шанса. Летниот дожд сеуште поројно се лееше, но овој пат ме топлеше топло и ме храбреше храбро додека трчав неуморно кон него.  Мојот сон за крај, зар навистина се оствари? Мислите ми се редеа во неговата прегратка и неизмерната среќа дека заедно ќе ја дочекаме на свет нашата ќерка. Август беше на самиот праг, нејзиното доаѓање беше сосем близу, а таа малечка моја не беше ни свесна дека нејзиниот тато е конечно со неа.

Прегратката која се припои со дождот миејќи ги нашите солзи не тешеше ветувајќи само среќа, ветувајќи ниедно  чекање. Зошто чекањето се оствари, за оној кој знаел да чека. Затоа што тој чекаше како никој никогаш што чекал во светот…

 

 

– Јаневска Марија, 2010

 

One comment on “Чекање

  1. Прекрасно, ептен се пронаоѓам, ептен!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: