Напишете коментар

Крај

Image

Долго време ја поднесуваше болката , време е да си заминам – си реков во себе гледајќи тажно кон дрвената столица на татко која полека крцкаше клацкајки. Доволно срцево ми се параше кога ја гледав секоја созла која се одделуваше од срцето негово. Долго помина како се убедував себеси да заминам. Никогаш не размислував дека некогаш ќе бидам принудена да ставам крај на мојот живот овде. Но, да заминам и да завршам со овој дел од животот – иако знаев дека тој дел засекогаш ќе остане во мене – на тој начин помагајќи му на оној кој ми беше во срцео, беше добра причина да ја претрпам болката молчешкум стискајќи ги забите и оформувајќи ја онаа лажна насмевка на лицето, како да секав да им кажам на сите дека е во ред. Не беше во ред, срцево ме стегаше, грутката во грлото ми стоеше , а ледени нишки ме полазуваа како морници по вратот и по целото тело надолу. Очиве како непресушен извор сакаа да течат, да ме кутнат долу и да ме остават обвиена со мислата и тагата дека ќе мора засекогаш да заминам од дома.

Стоев така непомерливо допрена од неговиот израз. Седеше само така во неговата клацкалка, – како и обично свртен кон тремот, кон терасата, кон светлината… со мамината слика во рацете и нејзиното светло сино ќебенце обвиено околу него, допирајќи му го вратот. Очите му беа бледи со огромни темни ќеси под јагленоцрните зеници, веќе преморени од плачење. Лицето му беше свиснало. За овие 2 месеци одкако мама замина, беше остарел нагло, фуриозно, брзо, магловито… како да не беше повеќе оној мојот тато… секогаш насмеан.

Никогаш не сакав да заминам од него, тој беше моето сонце. Но, си го притискав срцето лажејќи се дека се ќе биде добро, знаејќи дека никогаш нема да го преживеам ова. Гледајќи така , стоејќи на тремот, наѕирајќи кон малку подотворената стара сива врата од собата на тато, приметив влажна искра од неговите очи. Ја потргна раката од под брадата и ги забриша солзите со раката брзо. Не сакаше да го гледам како плаче, но јас знаев дека никогаш нема да закрепне ако ме гледа до него. Знаев дека никако не можам да се искупам, иако долго време се обидував да објаснам колку ми е жал.

Никогаш не ми прозборе… Само солзите негови ми кажуваа дека го напушта овој свет, дека нема волја и надеж за да остане со мене, овде меѓу жививе. Неговото молчење пригушено со стиснатата тупаница на едниот крај од ќебенцето ме убиваше. Ова не беше живот, но знаев дека ова е најдоброто што може да биде. Сепак, морав да заминам. Сакав да оставам писменце, но наместо тоа напишав едно “Секогаш ќе те сакам тато” и го оставив до телефонскиот именик на масичката до скалите во претсобјето.

Фрлив уште еден поглед кон светлата соба кон тремот. Седеше сеуште со сликата на мама во рацете. Ги стиснав усните за да не испуштам глас, ги затворив за момент очите – како се да ми прелета нив главата – голтнав на празно, како да сакав онаа грутка од тага во грлото да ја снема, но повторно беше тука. Ги отворив очите и погледнав кон подот. Стар беше, излупен, но сепак ќе ми недостига – си помислив. Се завртев полека, но погледот од вратата на собата не ми дозволуваше да продолжам. Ја стиснав торбата пред мене и го забрзав чекорот. Знаев дека тука е крајот.

Одејќи низ дворот погледнав нагоре. Почна да роси, баш во правиот момент – си помислив …. да ми ги измие солзите, да никој не дознае за мојот крај…

 

 

 – Јаневска Марија, 2010

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: