Засекогаш

ImageПомина долго време,

но како да беше вчера.

Болката е тука.

Грутката, она мало парче од тебе,

остана заробено некаде во мене.

Како некој клинец кој гние во раната

И не дозволува да заздрави.

Во мене.

Засекогаш.

Да би имала само уште еден ден,

би те држела во прегратки

и болката би исчезнала.

Би ти ги простила сите глупави грешки

и би ти кажала колку те сакам.

Понекогаш посакувам да ти се јавам,

но знам дека не ќе си таму.

Ех, да би го знаела тогаш,

ова што го знам сега.

 

Би останала цела ноќ,

Впивајќи ја мекоста на твојот мирис,

Слушајќи го твоето срце,

Кое од инат се обидува да не бие за мене.

Би се насмевнала на твоето инаетење,

Би те бакнала и би ти рекла дека не ми е грижа.

Жал ми е што те обвинував

За се што не можев да направам,

И се повредив себе си,

Повредувајќи те тебе.

 

Да би имале уште еден ден,

би ти рекла колку ми недостигаше од како замина.

Опасно и неодговорно,

Детски и глупаво

е да се обидам да го вратам времето.

Штетата е направена,

ти никогаш нема да ми простиш

за тоа што немав храброст да се борам.

Го затвори срцето за мене.

Засекогаш.

Ех, да би го знаела тогаш,

ова што го знам сега.

Кога би имала една ноќ,

Кога би имала една топла летна ноќ,

Ќе ти речев дека секогаш ќе те сакам,

Ќе ти шепнев дека секогаш ќе ми значиш,

Без разлика на нашата гордост,

Без разлика на нашиот инат.

Жал ми е што те обвинував

За се што не можев да направам,

И се повредив себе си,

Повредувајќи те тебе.

Кога би можела,

Би те љубела.

Би те љубела, засекогаш

– Јаневска Марија, 2012

1 thoughts on “Засекогаш

Напиши одговор на Isnije Pini Откажи одговор