Напишете коментар

Гнида

ImageВо моментот кога ја видов дотичната девојка, срцето ми се врати на место и ми разбранува иста онаква топлина како и првата наша вечер. Знаев дека сум далеку од совршена, далеку од најубава. Но, девојката беше под просечна, а стилот и беше сосема спротивен од неговите страсти и неговите идеали. Напротив, таа беше баш она што тој го мразеше. Гледајќи ја девојката, занемено се сеќавав на сите негови воздишки додека со прстот поминуваше по мојата кожа. Сите негови прекрасни насмевки и она ”Како те најдов? Па, јас не барав совршенство”. И сега бев сигурна. Тоа тој никогаш не би можел да го доживее со неа. Никогаш.

Нашето беше единствено. Целосната негова восхитеност во мали примеси се евоцираше во моите сеќавања како флеш-бек додека ја гледав девојката пред мене која ми стануваше се поодвратна. Но, срцето се` повеќе се полнеше со самодоверба.  Јасно ми беше дека се` му беше маска, камуфлажа, јадица. Тој не ја сакаше неа. Чекаше само јас да наседнам на тој трик. А сега гледајќи дека не успеа, се чувствува само виновен и не може а да не помисли на она што изгуби во моментот кога ја внесе неа во неговиот живот. Мислеше дека љубомората е некој двигател во мојот живот. Но , не. Никогаш не сакав да се натпреварувам на несигурен и непроверен терен.  А сега – сега бев повеќе од сигурна, повќе од спремна да се борам за она што бевме, за она што го имавме и за она што требаше да сме.

Зачекорив  по улицата и влегов во универзитетот одалечувајќи се од таа гнида на која се повеќе невино и се исмевав, задоволно знаејќи дека неговото срце цело ова време било мое.

 

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: