Напишете коментар

Цитати: “Непостојана љубов” – Теа Славеска

Image

“Некогаш ја презираше, знаеше со денови да не и’ прозбори, правеше да се замисли дали воопшто постои во неговиот живот. А потоа одненадеж ќе се појавеше облечен во неговото најдобро расположение, ќе ја шармираше и ќе и’ кажеше дека сака да го помине своето слободно време со неа. Никогаш не собра сила да му каже „не“. Го сакаше во целост, ги сакаше дури и неговата непостојаност и непромисленост, го сакаше и кога беше груб и насилен, најмногу го сакаше кога ја смееше, дури и кога се трудеше да му биде лута. Знаеше да биде и нежен понекогаш. Можеби поради тоа што премногу ретко покажуваше емоции, секој таков момент и’ изгледаше повистинит, пореален и повреден отколку ист таков момент со кој било друг човек на планетава. Се случуваше да седат еден до друг и да немаат што да си кажат, во тие моменти можеше да ја поднесе тишината. Двајцата знаеја да уживаат во таа тишина. Единствена тишина која не можеше да ја поднесе беше онаа кога си беа лути еден на друг. Тој молк ја доведуваше до лудило, до степен на газење на своето драгоцено его. Најчесто таа беше онаа што попушташе, но не и’ беше важно. Повеќе ја болеше неговата далечина отколку кршењето на својата гордост. Некогаш знаеше многу да ја повреди со неговата тврдоглавост и брзоплетост, да ги премине границите на дозволеното. Тогаш таа се повлекуваше и се откажуваше од нивната комуникација. Но тоа никогаш не значеше крај. Тој секој пат доаѓаше кај неа, секогаш кога ќе таа си заминеше. Знаеше колку мрази ласкање и лигави зборови, па успеваше да ја придобие на само негов, единствен начин, со прости зборови кажани на духовит начин. Колку само победнички се чувствуваше во тие моменти. Можеше да умре од среќа. Веднаш му простуваше, затоа што двајцата знаеја колку и’ недостига кога го нема и немаше потреба од глумење лудило. Се сакаа. Се оддалечуваа и пак се зближуваа. Така е тоа со правата љубов – има топло и ладно, има далечина за повозбудлива да биде близнината потоа.”

– Теа Славеска, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: