Напишете коментар

Цитати: “Два инати” – Јаневска Марија

Image“И врска немам дали некогаш беше заљубена. Тежок карактер, да и е*** мајката. Се` морало под конец да биде – испити, пешачење, ноктите, косата, шминката. И прво, знам, би помислиле, шо ќе ти е таква, пластична, самобендисана, караконџа. Ама, не – по приземјена девојка од неа здравје.  А сега си викам дај боже да беше таква. Не и ги сфаќав тие нејзини концепти, нити некад сфатив зашто се` морало да биде совршено. И што има везе дали штиклите и биле црни или розеви. Секогаш насмеана као се` да и е розево еј! Како не ја замрзе да се смее и со сите да биде културна. Ма кога ќе ми дојде све да отерам у три лепе, дојдено ми е и крај! Ја стварно не знам шо праи у такви моменти или можда и ги нема. Ама и јас сум си крив. Сега ја барам назад онаа малата што тогаш ме сакаше. Ех, кога ќе ми текне, тогаш прв пат ја видов таква, тажна. Ми остана поим за нежност, за женственост. И кај и да барам сеа, неа пак нема да ја најдам. А можда и јас ја напраив таква. Мала беше, се заљуби у мене, а јас ко некој куртон изигравав мангуп. Е, да го вратам сега времето, ама не можам. И ете, после година дена ја видов. Се јави, запалив моторот и дојдов. На истото место, само година дена подоцна. И не беше више иста, како друга да гледав пред мене.  Ама се` памти, се` до најмала ситница, кај и текнува бре. И знаеш што ми рече коа ја прашав – тие работи некогаш ми значеле многу, затоа… – И можда тогаш беше инат, ама два инати ни милиметар планина не можат да поместат, а камо ли да се договорат за нешто. Тоа е, живот иде даље. Мене ме чека онаа мојана дома, пак ќе ме подуе, кај беше, шо беше, кој ќе ја слуша. Време е да одам…”

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: