2 Коментари

Во вечноста

ImageОн: Ало!

Она: Здраво… јас сум… Долго не сме се слушнале. Многу долго.

Он: Не ми се верува дека си тоа ти… Ама ти го препознавам гласот, да…

Она: Да, предолго. Педолго се премислував да ти свртам. Не знам ни сама како се натерав сега.

Он: Да…

Она: Ти го најдов новиот број на информации. Среќа што нема многу луѓе со твоето име…

Он: (тишина) Како тоа се јави…?

Она: (тишина) Па, сакав да те слушнам… Знаеш, да видам како си?

Он: После толку време да прашаш како сум… Добро е… Иде некако. Се живее ден за ден. Ти?

Она: Добро сум…

Он: Лажеш… Те осеќам по гласот. Никогаш не знаеше да лажеш…

Она: Тебе не…

Он: Да, тоа увек функционираше кај нас. Барем никогаш не се лажевме…

Она: Знаеш… (тишина) … Немам право да те прашам ама… Дали некогаш се сеќаваш на мене?

Он: (тишина)

Она: Не мораш да одговориш… Поставувам глупави прашања без смисла. Премногу време помина, имаш свој живот…

Он: Секако дека се сеќавам… и понекогаш посакувам да не беше така… Ама секогаш е исто…

Она: Се прашувам зошто го направив тоа… зошто те избркав од себе. Никогаш тоа не ми беше јасно. Можеби премногу се плашев дека ќе бидеш како и сите други, дека на крајот и ти ќе си отидеш. Па, самата те избркав од себе. Те избркав, а се што сакав беше да останеш…

Он: И јас сакав само тоа, да останам…

Она: Јас сум крива за се`…

Он: Не, не си ти крива… И јас пребрзо кренав раце од тебе. Си отидов гордо машки, за сега да седам овде сам и да размислувам како би било ако останев.

Она: (тишина) И како си ти, оженет ли си? Имаш ли семејство?

Он: Немам! Се оженив, да. Али, по две години се разведов. Беше добра, драга, сите желби ми ги исполнуваше, ама не ја сакав. Се трудев да ја засакам, ама по некое време сфатив дека е невозможно, па ја пуштив да оди… Сега е мажена, има две деца, среќна е.

Она: А живееш сам?

Он: Да, сам… Се научив на лошо. Се навикнува човек кога мора.

Она: Да, се навикнува човек…

Он: Што е со тебе?

Она: И јас сум сама. Уживам како од секогаш. Добро е…

Он: Никогаш нема да се промениш… ама не си среќна.

Она: (тишина)

Он: Не мораш да ми кажеш ништо. Те знам премногу… По мирна си него што беше.

Она: Ете, време беше и јас да пораснам малку…

Он: Да, кој би рекол дека и ти еднаш ќе пораснеш и ќе бидеш озбилна жена…

Она: Да, морав и јас малку да пораснам.

Он: Знаеш, често размислував за ова… дека ќе се јавиш… Дека ќе се појавиш од негде, како секогаш… онака изненадно. Замислував дека ќе бидам среќен ако те видам или те слушнам пак. (тишина) и среќен сум… ама и не се осеќам добро.

Она:  Зошто?

Он: Затоа што сега ми е јасно дека некои работи не можат да се вратат како што биле… Се променивме, не сме веќе деца… Не сме веќе толку млади, у стање да можеме да смениме се`…

Она: Знам, знам дека не е повеќе исто… ама…

Он: Нема веќе ама… го знаеш тоа и сама. Не морам да ти го кажувам јас тоа… Остаревме…

Она: (тишина) Значи, кога… кога ќе ја спуштам слушалката…

Он: Нема повеќе да се слушаме, да… Нема да те барам, а нема ни ти… само ќе се повредиме повеќе…

Она: Значи нема ни да се видиме…?

Он: Нема. Тоа е подобро и за двајцата. Подобро да не те видам…

Она: Би сакала да те видам…

Он: Не е поентата во тоа дека не сакам да те видам. Сакам да те видам највеќе од се`… Ама знам дека не смеам. Така само ќе се повредам себе, а и тебе…

Она: Знам. (тишина)

Он: Не те заборавив. Нити некогаш ќе те заборавам… знаеш тоа. Никогаш нема да те избркам од срцето. Ни од мислите. Тамо ќе те чувам додека сум жив.

Она: (тишина) Ама…

Он: И немој да прашуваш сега зошто… Немој мила. Така мораше да биде. Сега би било најголема грешка да веруваме дека можеме да продолжиме онаму каде застанавме пред 12 години…

Она: Не можам да продолжам од тогаш. Од оној ден.

Он: Знам.

Она: Не сакав да бидеш несреќен. Прости ми.

Он: Не си ти крива… Не можеш да се обвинуваш што те засакав. Премногу те засакав. Не си ни крива што не можам да сакам друга… Едноставно е така…

Она: (тивок плач)

Он: Мила, време е да се поздравиме… и да завршиме со оваа мака…. Те молам направи го тоа за себе и за мене. Нема повеќе да се казнуваме, добро?

Она: (тивок плач) Немој… не ја спуштај слушалката. Те молам…

Он: (тишина) Немој да плачеш…

Она: (тивок плач) …Те сакам…

Он: И јас тебе! Ама не можеме вака. Не можеме пак да си отвараме стари рани… Немој. Немој да мислиш повеќе на тоа, живеј… Живеј и понекогаш сети се на мене кога спиеш. Таму можеме да бидеме заедно. Таму те чувам секоја ноќ. Таму имам 22 години и ништо не може да ни се случи.

Она: Не го сакам ова… Не сакам да исчезнеш…

Он: Знам и јас не го сакам тоа, ама тоа е најпаметно. Знаеш и сама, само што сега не сакаш да си признаеш.

Она: Не можам да спуштам слушалка…

Он: тогаш и овој пат ќе ти помогнам, мила… Ќе те поздравам, и ќе ти кажам дека секогаш ќе ми бидеш во мислите и во срцето… Живеј среќо моја… Живеј… Те сакам… (спуштена слушалка)

Она: (плач) … и јас тебе те сакам… (плач)

Поминаа 40 години. Од тогаш никогаш ниту разговараа, ниту се видоа. А тогаш, тој почина. На неговата плоча во долниот десен агол, стоеше мало изгравирано срце, а поред него зборовите: Ова срце и припаѓаше само на неа. Поред тоа стоеше датумот на нивниот телефонски разговор. Тоа ладно зимско утро на гробот клечеше една седа старица и тивко плачеше. Солзите и се лизгаа низ набрчканото лице, а нејзиниот топол здив беше единственото топло нешто. Во дланките држеше една црвена ружа. Долго време непомерливо клечеше. Потоа се исправи, ја бакна ружата и ја остави на гробот. Отиде полека во далечината. Полека, полека… Како да не сакаше да отиде.

Секоја година доаѓаше на истиот ден и носеше ружа. Секогаш ќе се задржеше некои 15 минути и пак ќе исчезнеше. Една година старицата никогаш повеќе не дојде. Ја немаше старицата, ја немаше ни таа една ружа… Само празниот гроб и малку снег на него.

Ама таа ноќ ѕвездите посебно јако светеа. Светеа затоа што немаше повеќе тага. Затоа што конечно беа заедно, единствено таму каде можеа да бидат среќни заедно…

Во вечноста…

 

– Јаневска Марија, 2012

(преработка и превод од оригиналната верзија http://bit.ly/R7aLN0)

2 comments on “Во вечноста

  1. Toj*
    Taa*
    Правопис на Македонскиот литературен јазик

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: