4 Коментари

Шмизла

ImageЕх, поминаа 10 дена. А ќе поминат и уште толку. Знам дека ќе ме чека да се јавам, но подобро за неа да не и се јавам. Ќе шетам, ќе работам, ќе патувам, се` ќе правам само да не се вртам дома и до телефонот. Подалеку од мене, подалеку и од срце – сакал, нејќел, најдобро ќе биде да издржам.

А ми недостига, не дека не. Ама јебига. Таков е животот. Толку сакам да ја гушнам и да ја задржам засекогаш со мене. Се` ме потсеќа на неа. Ме враќа во младоста и ме прави исполнет. Како моето време да не поминало. Сакам се` да и дадам во животов, да ја направам среќна, но време е да ја оставам. Премногу е комплицирано за да можеме да бидеме заедно. А и греота. Не сум јас за неа. Колку и да ја сакам, не сум за неа. Млада е, убава, паметна, цел свет го има пред себе, цела иднина пред неа. Таа оди онаму од каде што јас веќе се враќам. И знам дека јас ја научив да љуби, но никогаш не успеав да ја променам, затоа и ја љубев толку многу. Нејзината инаетливост одеше од крај до крај, но знаев дека ме сакаше со сето срце. Бар онолку колку што за нејзини години умее да сака.

Знам дека нема да најдам друга како неа. Ќе најдам некоја што има слика, а нема тон – како што вика една моја другарка. И цел живот ќе пробувам да ја сакам. Нема да ја заборавам, знам. А што да правам друго. Не го разбирам нејзиниот свет, но неа ја разбирам. Се заљуби во мене. Стар мангуп. Но премногу ја сакам за да ја упропастам. Зошто да и ја земам младоста, моето веќе поминало.

 
И викав дека е шмизла, но беше моја шмизла. Секогаш ќе ја сакам, но ќе ја оставам да си оди. Нека мисли дека не ја сакам, дека не ми значи, дека сум ја свртел, дека ми била само забава – подобро ќе биде така. Од инат ќе стане посилна, од инат, знам јас. Нема да дозволи ниеден мангуп да ја повреди, онака како што ми дозволи мене. Нека ме пцуе, нека ме колне, за неа е подобро. Бар знам дека ќе биде среќна. Бар знам дека никогаш нема да видам солзи во нејзините очи.

 

 – Јаневска Марија, 2012

(инспирирано од Ксенија Николова)

4 comments on “Шмизла

  1. ova zensko go ima pisano…………. 😉

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: