Напишете коментар

Губитник

ImageИ не знам дали ми беше толку мнгоу тешко затоа што бев сигурна дека никого на светов нема да сакам колку него или затоа што не можев да се помирам со фактот дека толку инаетливо се откажа од нас. Со денови ги држев солзите во мене и не сакав да си дозволам да плачам. На некој начин не сакав да си признаам дека не можам повеќе, а толку беше очигледно. Бев повредена и тоа беше факт. Се откажа од мене. Пред се`, се откажа од нас. А јас толку многу се борев. Но, вистинската љубов секогаш победува зар не? Ах, тоа прашање – тогаш зошто толку чувствувам дека тој е тој. Дека тоа е тоа. Дека никогаш повеќе нема да се почувствувам поисполнета и никогаш повеќе нема никого да љубам толку многу. И зошто сите сложени работи успеа да ги направи без проблем, а од сите прости работи се откажа.

И конечно како да го молев небото да заврне. Како да го молев да заплаче. И толку болно одвнатре како едвај да дочекав да заплачам. Да се исплачам. Можеби така ранава ќе залечеше. Солзите ќе ја исчистеа, ќе најдев малку ронка надеж.

И повторно се залажував себе си. А не требаше. Се` што требаше беше да заборавам. Да ги заборавам оние морници кога ќе ме допреше, оние виори кога ќе ме бакнеше, онаа насмевка кога наутро ќе се разбудев до него. Сосем едноставно. Само требаше да заборавам.

И можеби некогаш ќе успеам. Скршено, залепено и никогаш исто. Но, со срце или без срце тоа е единствениот избор кој го имам. 

Се чувствував како губитник. Скршен, сронет, исчеден до последната капка. Скитник кој ја бара неговата љубов како топол дом, но залудно. Она изгубеното веројатно никогаш и не било мое за да го барам. Но, деца учат дур се мали. – така барем викаше баба ми.

Секое лошо, за добро е. Што и да е, ќе помине.

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=gsSBwykoF9g&feature=related

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: