1 Коментар

Августовската приказна – прв дел

Најголемата грешка

Седев така свртена со грб кон скалите на трговскиот.  Летото одамна осамна и веќе во едно такво летно фустанче ветерот си го правеше своето. Размислував за сите работи кои се случија за кратко време и за сите “случајности”. Тие денови со него како да беа толку далеку, а кожата ми копнееше по неговите допири. По него, душава ми порасна. Го немаше веќе оној деттски блик во неа. Безнадежно размислував дека навистина не постои вистинска љубов и дека љубовта постои само на почетокот. Потоа, се` е веќе навика.

“Каде беше до сега? Ми здосади да те барам меѓу сите девојки. Ми здосади.” – неговите зборови ми одѕвонуваа во ушиве додека целиот свет се вртеше околу мене. Непрестано. Постојано. Ненаситно. А потоа и оние зборови кои не ми даваа мира.

“Мислев дека она што беше меѓу нас, беше нешто посебно. И дека покрај тоа што имаш дечко, јас ти бев исклучок. Сакав да верувам во тоа. Навистина сакав. Ме разочара.” – луто и бесно на потсетувањето на овие зборови, се свртев и одмарширав кон паркингот. Како се околу мене да се оделуваше, вибрирајќи. Како можеше неговиот најдобар другар да се заљуби во мене. Или не , уште полошо – како можеше еден од моите стални удварачи да биде неговиот најдобар другар! Боже, како успеваш да ги плеткаш толку работите. Никогаш немав чувства према него, тој само беше среќен и на моето здраво, како си, а мене не ми сметаше дополнително машко внимание. Никогаш не помислив дека ќе му изврти толку голема приказна, како јас сум девојката која тој мора да ја има. Мора да ја има?!?! Побога, па ние не се ни знаеме како што треба.

Ја отклучив колата и седнав во неа како некој трупосан леш. Стоев и тешко издишував како сите плетканици да ми ја гушеа душава. Веќе не знаев дали е сето тоа илузија или сонувам. Најтешко ми беше тоа што неговото мислење за мене тотално се смени. Таа невина чиста девојка која беше само негова, на која и се воодушевуваше сега му стана гнасна, стана девојка на сиот машки род. Ја бараше назад неговата Ана. Но, таа во неговите очи исчезна.

“Но, во моите е се` уште тука Борјан, се` уште е тука. Се` уште е тука…”

Многу работи премолчив поради гордоста. Тој многу работи не знае. Тој не ја знае вистината. А сега е со неа. Со паѓањето на есенските лисја врз предното стакло се потсетив уште еднаш:

“Се` ќе направам да те заборавам ако морам. Се`…” – сфатив дека есента веќе го заборави нашето лето. Нашите августовски денови исчезнаа… како капка дожд во врел август. Испарија. Нашите спомени сега есента ги покрива, а тој ги турка уште подлабоко, барајќи ме во неа. Но знам. Не ќе ме најде.

Се почувствував како за момент да се гушев, па посакав да се вратам назад и се` да исправам. Да ја исправам грешката. Но, за момент застанав прашувајќи се: Што ако тоа не смени ништо?!

Што ако љубовта била само илузија и останам со скршено срце. По ова прашањето веќе не беше што ако тоа не смени ништо, што ако не постоела љубов, што ако тој се заљубил во неа. Прашањето беше дали вреди да се ризикува? Дали љубовта која ја чувствувам е вредна за ризик? Дали е вредна да стане најголемата грешка во мојот живот? Дали?

– Јаневска Марија, 2011

One comment on “Августовската приказна – прв дел

  1. Потребно е оваа приказна да има повеќе прегледи. Премногу убав се напишани и двата дела и прекрасни текстови имаш напишано🙂 Само напред ( иако е ова еден од постарите твои текстови сепак е прекрасен како и сите останати )

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: