Напишете коментар

Августовската приказна – втор дел

Магијата на снегот

Image

Додека стоев на раскрсницата и го чекав зеленото светло константно размислував дали е возможно животот толку да се искомплицира? Секоја година, последните неколку денови од декември, размислувам за она што би сакала да го остварам во новата година. Оваа година, тоа беше многу поразлично. Ден пред Новата Година, а единственото што го посакувам е двострана возвратена едноставна и ненаситна страст, љубов и подобар сексуален живот.

Денес е неговиот роденден – дали да му напишам едноставна искрена порака? Или можеби да му се јавам и да му честитам, можеби така ќе звучи по вистински? Толку многу си ветивме летово, толку планови и воодушевувања, а сега се прашувам дали воопшто го познавам. Дали е тоа мојот Борјан, оној кој ми покажа дека постои совршена љубов. Но, сега веќе ни во тоа не верував.  Дали можеби Јован му кажал дека ме познава. Но, што знам – можеби не се братучеди. Исто презиме не значи ништо, а тоа што се пријатели на фејсбук исто така. Се повеќе ме мачи и однесувањето на Јован – зад сцената знам дека посакува да има шанса да ме запознае, но зар можам тоа да го дозволам.  Јас сум зафатена со Марко, заљубена во Борјан, а Јован само што не скокнал во брачните води – уф, дефинитивно не ми треба уште една комплицирана емотивна нишка во мојот живот. Јован постојано се обидува да се гледаме што почесто, неговите изговори кога ми ѕвони веќе смешно и детски се базираат на Диа, моето кученце.  Јасно е дека до сега никогаш не се интересирал “за ниедно куче” како што тоа го прави за Диа – константно и притоа се труди да останеме насамо.  А кога и тоа ќе му успее, пробува да ги воспостави сите можни физички контакти.  Детално ми објаснува како да ја преврзам раната на Диа, допирајќи ми ја раката и задржувајќи го допирот подолго од обично. Секако дека ми се допаѓа, но условите за тоа да се развие се невозможни, премногу комплицирани и со можни болни последици.

Боже! Без малку заспав зад воланот. Цела редица автомобили сега мене ми свиркаше – браво Ана – исвиркана, а сигурно те нарекуваат и глупача. Веднаш тргнав – прва, втора, трета брзина и за некоја минута бев дома. Почна да врне снег. Секогаш кога врне снег, колку и да ми е животот лош, јас сум среќна – тој ден ми станува магичен. Едноставно со текот на годините станав вистински верник во снегот. На чуден начин носи искрени чувства кај луѓето и наеднаш светот станува поубаво и поведро место за живеење. Но, овој пат бев тотален песимист.

Го изгаснав моторот и ги покрив очите со дланките – зар може некако снегот магично, барем за момент , да ги смали овие збрканици и да ми го успокои срцето? Зар може?

Останав уште некоја минута така се` додека биењето на срцето не почнав да го слушам како ѕвонење во вратот и  во ушите.  Излегов и влегов дома. Не можев да издржам па се напив еден чај и легнав да спијам. Да! Во 7 часот попладне! Не можев повеќе да размислувам за тоа дали да му напишам порака на Борјан или да го заборавам и да се вратам со љубовта кај Марко.

Не спиев долго. Станав околу 10 часот расплакана – ја сонував нашата прва ноќ. И сега знаев дека морам да му напишам. Тоа е ветување кое си го дадов себе си пред се.

“Среќен роденден Борјан. Јас сум. Ана.“

Стиснав сенд и повторно легнав. Се зјапав во таванот неколку минути и бев како во некоја бессона состојба. Конечно станав, се облеков и решив да ставам крај на ова мачење. Дефинитивно се решив од очекувањето на повратна порака од него. Го земав привезочето ирвасче кое ми го подари првата ноќ, ја запалив колата и заминав на нашето место. Тоа беше паркот зад локалната клиника. Се паркирав веднаш од десната страна и го изгасив моторот. Го држев привезокот в раце пред мене и бев бесна на мојата глупавост и се прашував како можев да ја измешам љубовта со моментна експлозивна страст и да му поверувам на зборовите: “Вечерва никогаш нема да ја заборавам!“.  Жити мајка!

Бесна излегов од колата и силно ја лупнав вратата – тресокот се расчу како тап тропот низ паркот. Но, не ми беше грижа. Солзите се полуто и поболно се тркалаа по лицето и оставаа испарувачки отисоци на местото на злосторот. Наеднаш, некој ја отвори врата од колата паркирана пред мојата. Бела кола… Се свртев и погледнав.

“ Ветив дека вечерта никогаш нема да ја заборавам…“ – изусти.

Тоа беше тој.

Го држеше телефонот во рака и стоеше пред мене.

– Јаневска Марија, 2011

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: