Напишете коментар

Шума

ImageНекаде низ крошните на дрвјата се извивав и се обидував да избегам. Сет тој гнилеж ме полудуваше, осеќав морници, се околу мене беше гнасно, одвратно, калливо. Како сета живост од светот да ја беше снемало, а јас се најдов сред пеколна шума, полна со трње, полна со гнилеж, полна со разочарување и тага. Колку и безрезервно да ја давав својата љубов, оваа шума беше толку инаетливо пуста што не ми дозволуваше да допрам до неа. Да ја стоплам, да ја огреам. Оваа шума била толку пати повредена, пресечена некаде од своите корења, изколвана од многу грабливци, облеана во толку крв, а сепак уште имаше малку живот во неа, сеуште младоста и вирееше некаде кон подножјето на изворот. Ја допрев ладната вода со рака и се заљубив во нејзината убавина. Оваа река како да се откажува од себе си, а не е свесна за својата вредност, за својата свежина, за својата убавина. Ги плашеше и ги бркаше од себе оние кои се заљубуваа во неа, терајќи ги да веруваат дека наскоро ќе пресуши. Оваа шума ја бараше мојата љубов толку очајно, а сепак не ми веруваше доволно за да ме остави да ја љубам.

И наеднаш се разбудив.

Ах, колку ја љубев таа шума. Но, иако јас бев нејзината омилена ружа, таа ме натера да се откажам од неа, од нашата љубов и засекогаш да се преселам некаде на југ, каде сонцето почесто грее, каде љубовта и насмевките почесто пламнуваат. И каде некоја зелена градина ќе ме направи среќна. Можеби не толку исполнета и заљубена, но среќна, заштитена и чувана – да…

А веројатно, тоа беше доволно.

– Јаневска Марија, 2012

(најметафоричниот текст, кој било кога сум го напишала)

http://www.youtube.com/watch?v=s1-rkMRp-qA

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: