Напишете коментар

Над облаците

ImageГи бркав мислите, го стегав срцето и упорно барав машки објект да се заљубам. Не сакав да бидам заљубена во него – ми беше мачно и тешко.Тој беше тежок човек за сакање. Имавме и убави и лоши денови. Убавите беа рај, а лошите потешки и од пекол. Дури на моменти како да си велев дека поважно ми е да бидам среќна отколку заљубена.

Но и покрај најтешката караница, моментот кога ќе потонев во неговата прегратка, се` завршуваше. Ќе ме стиснеше нежно, но сепак цврсто, не дозволувајќи ми да претам и да се расправам. А јас и после сето негирање и негодување, ќе ја наслонев главата на неговите гради, ќе го нурнев носот во неговата маица и ќе вдишев длабоко. Тогаш надоаѓаше едно прекрасно чувство на спокој, мир, како да бев на врвот на светот, а тој беше овде за да ме заштити и да му покаже на цел свет колку сум драгоцена.

Бакнежот кој обично следуваше по оваа прегратка на моменти беше нежен, а на моменти жежок, силен, пол со страсти. Како и да е, тоа беше најслаткиот бакнеж кој било кога сум го почувствувала. Завршував некаде во рајот. Некаде на крајот на екстазата. Оргазам или не, тоа беше врвот. А јас бев уште повисоко.

Можеби дури и над облаците.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: