1 Коментар

Часовникот кој го одброи нашиот крај

ImageИ таа вечер како нешто да се смени. Повторно онака – чувствував. Месечината наеднаш стана толку полна и силна, а ветерот толку груб. Облаците надвиснаа, но само донесоа напарнина. Целиот ден осеќав гадење, не поднесував никакви мириси. Топли и ладни брановив – се препотував а потоа се тресев како наеднаш да сум се нашла на Антартикот. Вечерта повраќав. Ми се вртеше, нешто не беше во ред. Помислив – ако продолжам вака, ќе дехидрирам и ќе ги исплашам моите – сепак сме во странска држава. Се обидов некако да заспијам, но едвај. Утрината се разбудив рано, повторно осетив некој одвратен мирис на печен леб. Ми се гадеше од се` и сешто. Станав и се стрчав до тоалетот. Повторно мачнини, повраќање, гадење. Не можев ни да се напијам вода. Вечерта не можев повеќе – изгубив свест.

Се разбудив во една грчка клиника. Некои црева беа врзани за мене, инфузија, апарати.  Моите беа во ходникот. Влезе една постара госпоѓа која ми се претстави дека е докторка. Разговаравме насамо и ми објасни дека можно е да сум бремена, бидејќи тестирањето за можно тровање од храна беше негативно. Ми рече дека само со моја согласност ќе ги извршат тестирањата. Се согласив. За неколку часа истата госпоѓа во бел мантил се врати со еден плик во раката.  Овој пат седна на креветот и ме допре за раката, со блага насмевка. Ми го подаде пликот и ми рече да бидам смирена и да не паничам. Дека се` ќе биде во ред. Пулсот ми се забрза, а одѕвонувањето на срцето го слушав во ушите и вратот. Овој пат беа две линии. Го отворив писмото и ги одвоив хартиите  – Позитивен – прочитав.

Најпрво добив некој напад на паника и повторна мачнина. Солзите ми течеа по лицето, но сепак кога сфатив што носам во себе – нешто наше, сеќавање на нашата прва преспана вечер заедно – посакав да го прегрнам. За прв пат во животот бев сигурна дека можеби прв пат посакав да го задржам бебето. После таа вечер бев сигурна дека се` е променето, дека ме сака, дека го сакам и дека “ние” е нешто посебно. Истата вечер разговарав со моите и им кажав се. Зачудувачки беа овде за мене и ме подржаа.

Вечерта се вративме назад во хотелот. Му ѕвонев – прво не крена, а потоа крена и рече дека е во гужва, дека е излезен и дека подоцна ќе ми звони. Го чекав цела вечер за да го слушнам.  Ми се вртеше, од лекарствата за смирување и од инфузијата толку многу ми се спиеше, но јас најмногу од се` сакав да го слушнам неговиот глас. Помина полноќ – се мачев да останам будна со сите сили. Помина и еден часот по полноќ, него го немаше.

По неколку дена се вратив дома и го побарав. Беше многу чуден. Вечерта кога го видов, како да беше друг човек. Не го препознавав. Ниту еднаш не ме погледна во очи. Ми рече дека се било само момент. Дека не ме заслужува. Му реков дека сум била на клиника и дека докторите мислеле дека можеби сум бремена и дека пред да стигне резултатот сум помислила за прв пат дека можеби го сакам бебето, бидејќи го сакам него. Но дека тестот бил негативен. Тоа ништо не смени. Таа вечер, цел свет ми се сруши. Ми го раздроби срцето на илјада парчиња, ми уништи се`. Во нервоза го фрлив саатот кој ми го подари, но подоцна се вратив и го земав. Стрелките стоеја заглавени на девет часот и некоја минута – тогаш кога заврши се. Му викав, му реков да си оди и да не се појавува повеќе, дека ми е доста од се`. Проба да ме смири, но не му верував повеќе. Не бев во состојба да возам, не можев да престанам со плачење. Плачење – но овој пат како мало дете. Не беа ова само солзи, туку болно липање. Се јавив на Миа – веднаш дојде каде што бев паркирана. Се напив некоа апче за смирување кое го нашла дома. Од како се смирив, ја оставив Миа дома и отидов до кај него. Ги изгаснав светлата. Сакав само да проверам дека е дома, дека не му се случило ништо. Откако се осигурив, ги запалив светлата и заминав.

Кога дојдов дома, го земав кучето и отидов да го прошетам. Морав да излезам на воздух. Не можев да седам повеќе дома. Некако чудно, како судбината да не заплеткала повторно го сретнав – ме одмина со колата, но јас не сакав повеќе да го видам.

Утредента се јавив и закажав термин. Абортирањето повторно беше мојот прв избор. Сега се осеќав ранливо, осамено и напуштено. Морав да го завршам тоа сама -да се ослободам од последното нешто кое ме врзуваше за него – нашето дете.

Како да немав повеќе срце. Се` ми беше срушено. Душата ми беше удавена, срцето распрснато, а умот веќе уморен. Часовникот кој ми го подари таа вечер ни го одбројуваше нашиот крај и застана. Застана онаму каде што ми се скрши срцето и никогаш повеќе не проработи. 

 

– Јаневска Марија, 2012

(инспирирано од прочитана книга)

One comment on “Часовникот кој го одброи нашиот крај

  1. Prekrasno, bas bi sakala da ja procitam knigata koja te inspirirase !🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: