2 Коментари

Тој од нејзина страна…

ImageИ повторно ги избриша солзите и си рече: “Прекини, не вреди! Не можеш да се бориш за нешто кое дефинитивно не постои!”

И повторно, некое мало делче од нивното постоење. Некоја топла вечер. Некое рано утро. Некоја изутрина, кога неговиот глас ќе ја разбуди. Една негова прегратка во сонот. Неговиот благ, но сепак силен мирис. Една негова насмевка. Некоја мала искра во неговите очи. Некој негов случаен, но сепак намерен допир, ќе остави некој траг во неа – “не,  ми се причинува. Нашето сеуште постои, тој е таков. Тоа е негов одбрамбен механизам, тој никогаш нема да ми каже нешто такво, а сепак се грижи за мене. Тоа што го имаме ние е нешто вистинско. Нешто што не се раѓа секој ден. “

И продолжи.

Таа го љубеше. Вистински. Целосно. Најповеќе. А тој неа? И тој со својот максимум најверојатно. Таа знаеше дека премногу попушта. Се промени. Преќуте. Ги задржа солзите. Го сопре дишењето. Изглуми насмевка и го прегрна. А тој? Тој исто така. Тоа вредеше. Тој знаеше дека се два света. И таа исто така. Тој црно, таа бело. Тој камбек, таа њустар. Но, таа сакаше да живее во еден таков свет. Беше тешко. Неподносливо. Опасно. Бурно. Болно. Навредливо. Но, таа во името на љубовта одеше до крај. И побара само едно нешто? Тој да биде овде кога таа ќе се бори кога цел свет ќе се сврти против неа.

И кога се` ќе заврши. И кога надежта ќе испари. Доблеста ќе изумре. Среќата ќе пропадне. И кога небото и земјата ќе се спојат – таа ќе застане против целиот свет.

А тој?

Тој од нејзина страна…

 

 

– Јаневска Марија, 2012

2 comments on “Тој од нејзина страна…

  1. Greetings from Sardinia, congratulations for the blog

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: