Напишете коментар

Родена принцеза

ImageГо гледав со очи полни љубов и верба. Вербата која ја чувствував беше толку голема, што секој негов збор одѕвонуваше во моите малечки ушиња и се запечатување во мојот ум. Внимението кое ми го посветување секој ден, па и секоја ноќ значеа многу. Беше човек кој премногу тешко ги искажуваше своите чувства но сепак, јас го чувствував она што тој сакаше да ми го каже. Отсекогаш знаев дека тој никогаш немаше да ме остави, дека секогаш ќе беше тука за мене и ќе се грижеше за мене. Сите негови зборови, совети и приказни прераскажани, сите минути, часови , па и денови поминати со мене, обидувајќи се да ме научи нешто, беа бесценети.

Ја поднаместив главата удобно во перницата и послушно следев:

Па принцезо, која приказна ја сакаш денеска? – ме праша тој, насмевнувајќи се , набрчкувајќи го малку своето остарено чело, и погледнувајќи ме под златниот оквир на очилата.

Онаа со девојчето кое на крајот дознава дека е принцеза, знаеш дедо, нели? – прашав, сакајќи да се осигурам дека нема да ми се налути, ако повторно посакам да ја чујам мојата омилена приказна , како и секоја вечер.

Сигурна ли си дека не сакаш некоја друга? – праша тој со нежен грижлив глас како и секогаш, надевајќи се дека овој пат ќе одговорам различно.

Па, не. Кога заспивам со таа приказна, сонувам убави соништа… – реков јас сепнувајќи се да продолжам понатаму, со невин израз на моето лице, напрчувајќи ги усните помалку во лутина.

А какви се тие убави соништа Лена? – изусти со истиот смирен тон, како и секогаш, алудирајќи ми да продолжам.

Па, знаеш дедо. Сонувам дека ми се исполниле сите желби, и среќна сум. – проговорив премногу тивко, и пропаднав во креветот, не сакајќи да разговарам повеќе. Ја сакав мојата приказна и не сакав објаснувања. Тој се насмевна и ме допре за рацете погледнувајќи ме со истиот оној поглед кој го имаше кога сакаше малку да ме искара, но и да ми посочи на нешто многу важно.

Лена, се сеќаваш ли еднаш што ти кажав за принцезите? – рече тој сигурен во себе, целејќи на она што веќе го знаев, а не сакав да поверувам во него. Се намуртив малку и се подзавртев настрана, како и секогаш. Таа приказна која тој ми кажуваше дека не е приказна туку дека е вистина , ме вознемируваше и јас еднставно не сакав да верувам во неа.  Ја сакав мојата приказна за девојчето кое станало принцеза, затоа што иако знаев дека не е реална, барем ми помагаше да се наспијам добро и барем малку да поживеам во моите соништа, во мојот свет. Тишината беше прекината кога се подзавртев да видам дали беше отишол. Но , не. Тој како и секој пат, беше тука до мене, чекајќи ме да прекинам со лутењето.

Дедо, но јас не ја сакам таа вистинска приказна, која секогаш ми ја повторуваш. – реков тивко , а мојот глас беше скоро без никаков звук, едвај и јас го слушнав.

Тоа е вистина мила. Знаеш дека никогаш не би те лажел. – продолжи како да ништо не било и повторно ме гледаше со неговиот безгрижен поглед, како да светот никогаш нема да престане да се врти. – Знаеш дека, некои девојчиња се родени со круната на глава, но тоа не ги прави принцези. Тие имаат се, но тие не се среќни. Затоа што… – го прекинав и продолжив. – …со парите можеме да купиме се освен среќата и љубовта. – тука застанав. Го знаев текстот наизуст, скоро па не почнав и да верувам.

Ти си родена принцеза, иако не ја носиш круната на глава и немаш се. Но треба да знаеш дека принцези не се оние кои ја носат титулата гордо до своето име, туку оние… – тогаш тој прекина и ме погледна чекајќи да завршам, а јас без да се опирам изустив. – …Оние кои се чувствуваат така. – потоа се насмеав, иако знаев дека јас не се чувствував како таква.

Ти си родена принцеза, и тоа треба да го знаеш и никогаш да не го забораваш. – ми рече тој и ме погледна под очилата. Очигледно ја чекаше мојата реакција. Безволно прозевнав и ја ставив раката на устата. Размислив уште неколку секунди, но знаејќи дека не сакав да водам борба со него, за тоа колку сум јас принцеза или не, климнав со главата вешто и реков потврдно: Да, дедо, никогаш нема да заборавам. Принцезите се раѓаат принцези во душата, а не со круната на глава. – се насмевнав послушно, но сепак ја очекував мојата приказна.

Тоа е мојата паметна девојка! – изусти рамнодушно и решително и ме бакна во челото. Топлината која ја чувствував кога бев со него, беше огромна. Се чувствував заштитено, се чувствував како да ми е дозволено да живеам во мојот мал свет, кој никој не го познава. Едноставно се чувствував убаво.

А сега дедо? Ќе ми ја разкажеш ли приказната за девојчето? – прашав молежливо, затоа што веќе клепките ми се затвара, а беше и неприродно и вознемирувачки да се обидувам да ги држам отворени, кога постојано сакаа да се затворат. Но, јас не сакав да заспијам без мојата приказна.

Секако, мила. – изусти задоволно и продолжи. – Во едно обично градче некаде во светот, како и нашево, еднаш многу одамна си живееше едно девојче, еве вака, баш како тебе…. – продолжи да раскажува тој. Јас , пак, со секој негов изговорен збор, така елегантно озвучен во мојата малечка соба, заминував на едно прекрасно патување во мојот малечок свет, каде јас бев принцеза. Па ете така, многу нормално, како и секое пет годишно девојче, од целиот свет. И јас си имав свој свет за кој живеев секоја вечер, мојот малечок свет во приказната за девојчето. Малечкото девојче кое беше родено како принцеза….

– Јаневска Марија, 2009

(посветено на мојот дедо Перо)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: