Напишете коментар

Вистината

ImageИ не знам како ни не знам зашто, таа вечер решив дека ќе се борам повторно. Постојано се надевав дека ќе го видам некаде. Во мислите постојано ми се вртеше онаа слика кога дојде пред два дена толку рано со колата. Отиде некаде – рече комшиката. Се надевав дека отишол некаде само на викенд. Деновиве не го гледав. Постојано наѕирав кон неговата улица – ајде веќе нека дојде – само помислував чекајќи да видам дека е овде, во моја близина, дека не заминал некаде.

Помислив дека можеби заминал некаде за викендот или можеби на одмор, но ништо не ми спомна. Ми недостигаше толку многу, премногу. Ми недостигаше неговата прегратка – толку сигурно се чувствував во неа, беше најсигурното место на светот за мене. Неговата насмевка и неговите зборови – Боже, како знаеше да ме расположи за момент. На некој чуден начин се` се менуваше кога беше до мене, се` беше подобро, се` беше по ведро – јас и тој бевме заедно.

Постојано си велев, ова не е љубов, еве ќе видиш ќе го заборавиш. Но, секогаш се враќаа сите емоции, се` посилни и посилни, а овој пат и не заминаа. Останаа да ме потсетат дека време е да си признаам самата на себе си. И таа вечер седејќи така на балконот додека небото над мене се бореше само со себе да не заплаче, се чувствав лошо, нешто одвнатре ме мачеше – и наеднаш сфатив – толку е очигледно, јас го сакам. Го сакам и не можам да се откажам.

Време беше да му ја кажам вистината, но прашањето беше – колку тоа ќе смени нешто?

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: