2 Коментари

Предобра за мене

Image

– “Не можев да го прифатам фактот дека ја сакам и дека припаѓаме заедно, па ја бркав од себе. Постојано и се враќав, а всушност бегав од неа. Во еден момент ќе и покажев дека премногу ми значи, а веќе во следниот ќе и докажев дека сум ѓубре.  И најлошо од се`, кога и да и се вратев, таа беше тука за мене. А сега…”

– “Што сега? Ја преболе?”

– “Ма какво преболување. Има моменти кога ќе ја заборавам за миг, тогаш кога со алкохолот и цигарите ќе го убијам последното парче од себе…”

– “Зошто не одиш сега, и не и кажеш се`?”

– “Е, гледаш, успеав во она што сакав. Отиде од мене. Сега кога и да се вратам, неа ја нема. Велат дека љуби друг. Знам дека тоа не е вистина.”

– “Оди по неа тогаш! Врати ја!”

– “Не можам. Веќе е касно.”

– “Зошто?”

– “Го уклучи мозокот. Сфати дека сепак сум преголемо ѓубре и дека не можам никогаш да ја сакам. Да ја сакам, онака класично. Не можам да бидам тука за неа, а секогаш ќе очекувам таа да биде овде за мене. Не можам, кога ќе и биде најтешко, да дојдам и да ја прегрнам. А знам дека она би го направила тоа за мене.”

– “Па тебе е невозможно човек да те разбере!”

– “Е другар, знам. Тоа го слушам често. Само една личност ми рече дека ме разбира.”

– “Кој?”

– “Па она, другар. Постојано ми велеше дека не мора да и кажам дека ја сакам, дека таа веќе знае. Но јас, повторно и го правев истото кога ќе ми удреа бубачките во глава.”

– “Навистина не те разбирам…”

 “Јас сум си виновен. И велев дека не е можно да бидеме заедно, а таа се бореше за нас, се бореше и за двајцата, се бореше и против себе и против мене. Таа никогаш не се откажа кога јас се откажав.”

– Јаневска Марија, 2012

(инспирирано од  Balasevic)

2 comments on “Предобра за мене

  1. Тажно. Меланхолично.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: