Напишете коментар

Еднаш, кога се врати

Image

И пројдоа многу години. Нашата приказна заврши. Конечно го постигнав она што го сакав – таа се откажа од нас. Замина некаде во странство со кариерата, а јас се оженив со една добра девојка. Не ја сакав онака бурно како неа, но таа беше добра мајка. Имав повеќе после неа, но само неа ја носев во срцето, мојата малечка. Задоволен бев од животот и благодарен бев што се отсели. Подалеку од мене, подалеку и од срце. Љубовта не избледе, но вака помалку се навраќав на неа. И онака никој не знаеше за нас, добро се криевме тогаш. Секое попладне кога ќе седнев да испушам една цигара, погледот ми луташе кон нејзиниот прозорец и се потсетував на оние вечери кога се криеше од татко и. И повторно ќе се потсетев – поминаа години и години, таа не живее повеќе онде – и ќе вовлечев уште еден дим, како за инат на нејзините зборови да го намалам пушењето.

Ова попладне, исто како и секое седев на балконот да испушам една цигара и да испијам едно турско кафе додека сонцето заоѓаше. Навидум видов некои шепотења од карши меѓу комшиите, но исто како и тогаш, и сега не ме тангираа. Но го наслушнав нејзиното име – најпрво не сакав да верувам, но видов со свои очи – после толку време таа се врати…

 Ја видов како се насмевнува и се прегрнува со комшиите кои случајно се најдоа во дворовите. Нејзините родители пресреќни се веселеа, таа се врати дома – нешто што никој не го очекуваше. А тоа пладне шеташе по нашата улица и се радуваше евоцирајќи најверојатно спомени, чекорејќи по асвалтот на нејзините години од младоста и со насмевка ме отпоздрави. И сега разбрав, после толку многу години. Сега кога повторно ја видов,  кога и ги видов насмевнатите очи, сега кога се врати – се` беше дел од минатото, се` беше заглавено во минатото. Се` освен мојата љубов.

Не застана да се поздрави. Само одмина и продолжи. Се` прашував дали сеуште се сеќава на нашата приказна и дали и значи толку како и мене. Но поминаа толку многу години – се потсетив. Срцето ме заболе кога се сетив дека се` помина одамна.  Се` освен мојата љубов.

Ја натерав да се откаже од нас, велејќи и дека нашата приказна е невозможна, а јас ја чекав до последна минута, но таа не знаеше дека иако нашата приказна се распара, нејзините бакнежи ги носев постојано како белези околу вратот. Нејзините прегратки засекогаш ги носев со мене и еден вкус на малина. И после толку години, разбрав. Ништо не беше повеќе исто. Се` беше променето. Се` освен мојата љубов.

 

 

– Јаневска Марија, 2012

http://www.youtube.com/watch?v=i6WMXsXT-Tk

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: