Напишете коментар

Клин со клин се избива

И така стоеше. Непомерливо врамена, приклештена во неговата прегратка. Лежеше на неговите гради со главата совршено наслонета и липаше. Но, сепак, тоа беше најсигурното место на светов. Единственото место каде болката не е толку голема. Не сакаа да се разделат. Бакнежите беа неизмерни, а дланките засекогаш неразделни. Како времето да беше застанало за нив.

И наеднаш, се разбуди. Се разбуди и осети празна прегратка, премрзнати дланки, крвави усни и мокра перница. И една огромна празнина во градите. Дел од неа недостигаше. Огромен дел. И ништо не можеше да го замени.

Знаеш како е кога некој толку многу ти недостига?” – ја праша Миа тоа утро, алудирајќи на нејзиниот дечко и воздивна.

На тоа, таа се насмевна за да ја скрие тагата и помисли – “А знаеш ли како е кога тој некој кој толку многу ти недостига, знаеш дека никогаш повеќе нема да можеш да го прегрнеш?” – и повторно осети ладни морници и онаа тапа болка која празнината ја носеше со себе.

Не чувствуваше ништо. Се чувствуваше само празно и посакуваше некогаш да се заљуби.

Клин со клин се избива.” – велат.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: