Напишете коментар

Слагалица

Image

Глупаво и необично се чувствав таа вечер. Имав некоја чудна празнина во градите која никако да се исполнеше. Како некоја дупка, која не можев да ја закопам. Како некоја рана која не може да престане да крвари. Рана која не сакав да ја превијам. Лузна која не сакав да залечи.

 Знаев дека не припаѓавме на исти светови, но одбивав да размислувам. Ја следев онаа искра некаде во стомакот. Оние нежни струи кои кружеа како вртлози кога ќе ме бакнеше. Оние морници кога ќе ме прегрнеше одзади и ќе ми дишеше во врат. Она прекрасно чувство на исполнетост и сигурност кога лежев во неговата прегратка и не сакав да зборувам затоа што се плашев да не го расипам моментот.  И двајцата,  кои толку не си одговараа, кои толку не беа совршени еден за друг, креираа толку совршени чувства, водеа љубов совршено хедонистички, совршено до болка, иако знаеја дека тоа ќе мора да заврши. Некогаш, сепак ќе мора да заврши. Како беше тоа возможно? Како две делчиња од две различни слагалици толку совршено можеа да се спојат?  Како две темни бои, заедно креираа таква прекрасна светлина во ноќта? Како години не беа важни, часовите, деновите, секундите, како времето застануваше и нивната страст ги заглавуваше во просторот? И за момент се беше совршено. И немаше потреба за зборови. Како беше тоа можно?

И како тој можеше се`? Можеше да ме насмее. Можеше да ме расплаче, а потоа да ме прегрне и се` да исчезне. Можеше да ме натера да помислам дека е рамнодушен, а потоа да ми покаже колку тоа не е вистина. Можеше да ме натера да се откажам од нас. Можеше се`, само едно не.

Не можеше да ме натера да заборавам…

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: