2 Коментари

Летна надеж

ImageМила, што е? Зошто не си спремна?” – ја најде скупчена во двоседот, залепена до прозорецот, додека сончевите зраци блескаа на неа. Но, кога дојде поблиску, сфати дека целата маскара и беше растечена и црнилата од очите и се беа разлиле по образите. – “Што ти е? Повторно е тој, нели?” –изусти тивко, а таа климна со главата, уште повеќе скупчувајќи се и стискајќи ја перницата во прегратки. – “Ах, нормално е тоа.” – ја прегрна за да ја утеши и почна да и ја брише растечената шминка.

Но, зошто баш денеска волку ми недостига?” – едвај проговори повторно вртејќи го погледот кон сонцето, како да го мразеше.

Сабота е. Не ти текнува.” – и ја стисна дланката во знак на уверување и оконча една блага пријателска насмевка . – “Секој петок и сабота бевте заедно. А и се слушавте постојано.” – продолжи бришејќи и ги очите. – “Ајде стани. Измиј ги тие црнила од очите. Стави руменило на тие пребледени образи, стави малку шминка и облечи се. Ќе шетаме малку. На сонцево помалку ќе имаш време да размислуваш.

Доаѓа лето…”  – прозбори, додека солзите безизразно на нејзиното лице, како од чешма продолжија да течат.

Знам, мила.”  – повторно ја прегрна. – “Времето не може да застане за вас двајца. Тоа тече, оди, доаѓа, заминува.

Помина една недела. Тој ќе заборави. Јас ќе заборавам. А јас…

Не сакаш да заборавиш, знам. Знам, но така треба. Ајде дојди.” – ја потегна за рака, ја прегрна уште еднаш и ја однесе во тоалетот. Се изми, се нашминка. Ја стави совршената маска – стави руменило на образите, малку кармин на усните, црни очила на поцрвенетите очи и многу парфем.

И зачекори низ градот.

Мораше да го засака летото. Летните денови и беа единствената надеж.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: