Напишете коментар

Единствениот изговор

Блескаше на сонцето. Како камен сред пустина, кој во недоглед блешти. Зениците и беа речиси невидливи, а синилото зрачеше во некоја светла тиркизна нијанса. Се смееше препокривајќи ги усните со рака, на кои се гледаа розово обоените нокти. Чоколадните прамени паѓаа и повторно се поткренуваа на слабиот ветер и  и го откриваа вратот и нејзината младост, нејзината искреност.

Наоколу беше шемата во градот. Кремот над социјалниот стандард. Мирисот на макијато или чај од шумско овошје. Мирисот на турско кафе, чоколадо и расцутена кајсија. Светлината опалесценцираше наоколу како нанижана од насмевки и ширеше една невидливо топла атмосфера. Совршеното беше некој вид на библија за овој дел од градот.

Се смееше на тремот од кафичот седната со другарките. Навидум изгледаше среќна, си гледаа на кафе, се забавуваше, се навраќаше на средношколските денови, но некаде длабоко за момент погледот ќе и одлеташе кој небото и кон скоро прецутените доцноаприлски крошни. И токму тогаш, некоја солза како влага ќе и се насобереше на крајчињата од окото колку само да и ги зацрвени белките околу сините како џамлии крупни очи. Зачудувачки лош контраст на бои. Толку многу не и стоеја солзи. И повторно “Овие пролетни алергии.” – ќе изустеше налутено насобирајќи ја солзата на крајот од окото. Супер, имаше изговор, но и тој пресушуваше. Веќе заминуваше времето на алергии, а таа знаеше дека изговор за нејзините солзи ќе и треба уште многу подолго. Шминката, облеката и другарките и беа единствена маска доволно цврста да не се распадне.

Продолжија со смеењето и гледањето на кафе. И тогаш ја осети дланката на Миа. Се заврте, а погледот и залута во нејзините верни кафени очи, полни со оправдување. Сакаше да и каже дека е во ред да се чувствува лошо. А потоа и ја стисна дланката во знак на утеха. Дека е во ред да и недостига, дека е нормално да и недостига. Дека не мора толку упорно да се труди да изгледа совршено среќна. И се гледаше болката во очите, дури и кога насмевката и блескаше наоколу. Но, ретко кој го препознаваше тоа.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: