Напишете коментар

Чоколадо со малина

И тоа утро на ист начин се разбуди. Ги протри очите и сеуште борејќи се со сонот го притисна копчето на кафематот во кујната, а потоа прошета со топлата шолја кафе низ куќата и седна труло на едно столче од трпезаријата.

Го беше сонувала повторно. Како во грлото да и беше застанат вкусот на малина, а колку и повеќе да вдишуваше, длабоко во ноздрите го чувствуваше неговиот парфем кој со денови никако да изветрее од онаа последна прегратка. И сето тоа беше болно, но таа не сакаше да заборави. Се плашеше дека ќе заборави колку го љубела, колку ја љубел. Се плашеше дека ќе ја заборави нивната приказна.

Повторно стана и се обзирна низ прозорецот. Ветерот заминал. Дождот исто така. Април полека, полека избледнуваше. А таа толку проклето се обидуваше да го заглави во просторот и времето. Да го види уште еднаш макар на момент и да се преправа дека не го видела. Да се потсети на неговите допири, на неговите закачки, прегратки, бакнежи.  Април не ги криеше тие спомени. Но, секое ново “утро” без него, се помалку го чувствуваше она “вчера” кога срцето и се раздроби на ситни парчиња откако се одвои од неговата прегратка. И се обидуваше да се сети на последниот бакнеж. На оној кој правеше се повеќе да се заљуби во нивната приказна.

И повтовно погледот и падна на нејзините раце. На моментите кога го лажеше дека и е ладно само за да ја држи за рака, само за да ја држи неговата рака и да се преправа дека засекогаш ќе и припаѓа само на неа.

И повторно за момент ги затвори очите и го затвори тој дел од неа некаде далеку. Па ја навлече онаа лажна насмевка и голтна на празно така тешко, колку да ја омекне болката во грлото, болката некаде длабоко во неа. И повторно – стана, се нашминка, ги облече високите потпетици и беше онаа старата. Без чувства, без емоции, без минато, без нивната приказна и вкусот на малина. Чоколадо со малина. И капка вино.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: