Напишете коментар

Дождот, јас и ти

ImageЈа гледаше длабоко во очите и не можеше да се изнагледа. Како да знаеше дека повторно ќе ја види, како да знаеше дека нема да ја заборави. Колку и да се трудеше таа секогаш го потсеќаше на таа забава, на тој ден, тој проклет ден кога тагата повторно оживеа во неговото срце. Тоа беше денот кога повторно се потсети колку е неговиот брак промашен и колку тој преживува и се бори секојдневно. Глуми заљубен во својата жена, која од друга страна е безчувствителна пуфла која ја интересира само шопнгот и љубовникот. Многу наврати се обидувал да си го среди животот , да си ја прифати судбината таква каква што е и да продолжи понатаму обдувајќи се да ја засака. Посебно сега кога единствениот излез му беше да добие дете од неа, кое ќе му го направи животот поубав и повесел. Но, едноставно Олга беше неподнослива и одвратна дури и бремена.

Сепак, пред еден месец се реши дека по секоја цена ќе ја засака, но оваа вечер се се сруши засекогаш. Кога таа смеејќи се налета на него во локалот тој зачуден препознавајќи ја сеуште во неверување тргна по неа. Таа беше толку замаена од забавата што тетеравејќи се до шанкот не го ни примети. Кога тој и се обрати таа занеме , таа пребледе… Никогаш не си даде лажна надеж. Знаеше дека нивната љубов беше забранета. Таа беше љубовта на неговиот братучед, а тој беше оженет. Тој ден кога се запознаа, тој безмалку не го симна погледот од неа, а зборовите не беа потрбни. Истата вечер ја поминаа заедно, во ист апартман поради невремето во Штип. Но иако таа беше во неговата кошула, и иако тој цел вечер ја помина на малата фотеља во спалната гледајќи ја додека спие, тие знаеа каде се граничат нивните желби. Стравот од зборот љубов беше преголем, сепак остануваа на желба, надеж и неизмерно посакување.

Истото утро кога таа се разбуди, погледот и падна на малата хартиена порака на ноќното масиче “Нема да заборавам, секогаш ќе се сеќавам…”. Мирисот од неговата широка бела кошула ја засили болката во нејзиното срце. Како огромен шилец да се беше пробил до нејзната душа и со уживање се помрднуваше оставајќи ја да крвари… Се прошета до тоалетот и остана загледана во огледалото – косата и беше разбушавена, шминката и беше размачкана, а усните и беа поцрвени и од зрела вишна во месец мај… и покрај се тој ја засака…

“Ах, Господе…” – промрморе таа и од болка се скупчи во малиот простор во бањата. Не беше никогаш почувствувала нешто слично за никого, а болката беше чудо кое физички не постоеше. Дали сето ова беше нормално? Нејзиниот секогаш искалкулиран ум се прашуваше и не и дозволуваше да мисли понатаму. Ја натера да стане, да се измие и да се среди – кога повторно се погледна во огледалото од осветлената бања таа повторно беше онаа старата – недопирливата. Оттогаш натаму таа заборави да чувствува… се трудеше да не се сеќава, иако неговиот чуден заљубен поглед ја будеше првите ноќи, а болката ја тераше да се почувствува мизерно, тешко, разочарано. Што и вредеше убавината, кога не беше среќна во љубовта?

Оваа вечер во клубот таа остана запрепастена од неговиот поглед и неговиот цврст стисок на нејзината надлактица. Целиот свет кој замалку почна да се опоравува од минатата есен кога го запозна, сега се докрши на милион ситни парченца и немаше повеќе надеж. Остана задшана и загледана во неговото разочарано лице. Неговот несреќен поглед ја повредуваше, затоа што беше алтер его на самата себе. Тие ја делеа истата болка, истата љубов… како да се пронајдоа тој есенски ден во Штип. Како да ја најдоа својата втора половина. Стоеа така непомерливо допрени од своите емоционалноцитични изрази.

“Злато, се задржа?” – се се скрши кога го слушна гласот на својот свршеник.
“Еј, Петар, како си брате, од кога не сме се виделе? Ја познав женска ти, па сега ја прашував каде сте седнати!” – исусти тој и ја погледна со одобрување и внимание за да и ги отргне грижите. Очите и се насолзија, а нозете неуморно и се движеа по дрвениот под, како да стануваа се потешки, необрнувајќи внимание на ритамот на музиката.

Седнаа со друштвото, а тој седна помеѓу нив двајца. Секогаш кога нејзиниот драг ќе сакаше да се види со братучед му, таа наоѓаше изговори. Се плашеше од можните чувства кои можеби ќе се пробудеа, иако одвај штотуку беа заспале и ја беа оставиле мирна… Сакаше да стане и се извини дека не и е добро, дека мора да си оди, кога ја осети неговата дланка врз нејзината и неговите очи полни со извинување и полни со покајание. Се стресе на неговиот допир и повторно воздивна лута. Стана со чантата во рацете и излета од вратата. Додека се бореше со солзите кои сакаат да злезат и да се растечат по нејзиното преубаво лице, да и ги зацрвенат образите и да и ги натажат оччињата, погледна во небото. Застана и остана така… Месечината беше полна, неполно обвткана со тешки црни облаци кои се одекнуваа наоколу со силен татнеж и молскавичен тресок. Почна да роси, а таа зачекори кон една клупа на булеварот и седна немо. Остана загледана во асвалтот пред неа во неверување… Сега, навистина не се препознаваше. Повеќе не се бореше, солзите и течеа и и течеа… Болката ја тешеше нејзината збунета душа, а загушената светлина го дополнуваше критичниот момент.

“Ана…” – се слушна неговиот глас. Таа се заврте нагло кон него – стоеше целиот накиснат и наврнат на дождот. Без збор , без воздишки, без трепкања, ја гледаше долго време.
“Ана, јас не можам повеќе…Се предавам Ана… не можам да живеам вака…” – шепотеше тој доближувајќи се.
” Зошто мораше да се појавиш? Токму сега? Зошто Андреј? Зошто?” – прашуваше таа липајќи, иако дождот ја подржуваше…
“Ана, јас те сакам… не знам што ми се случува… не те познавам, но јас не можам да проживеам една минута без тебе повеќе…”
“Не андреј, НЕ!”

– Јаневска Марија, 2009

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: