Напишете коментар

Априлска ноќ

Тоа беше една свесно и намерно тивка ноќ. Нема ноќ. Неколку часа седеше потпрена на баклонската врата, замотана во ќебенцето и држејќи ја топлата чаша чај. Тишината и помагаше да се сети. Се обидуваше да ги евоцира спомените и да ги засили емоциите. Се плашеше дека ќе остане без нив. Знаеше дека беше скршена, но да не чувствуваш ништо е полошо од болката која реално постои. Она парче од тебе кое ти кажува дека реално ти недостига. Можеби и премногу. Небото беше полу осветлено. Ѕвездите толку интересно беа наредени, но тешко се гледаа. Како небото да не беше мастилно сино, туку беше некоја темна боја, како отворена бездна. Па дури и отсјајот на ѕвездите беше заматен до некаде. Ветерот не беше тука. Облаците кои како прашина го обвиваа ноќното небо во Април, вечерва никаде ги немаше. Се повеќе, сите знаци околу неа навестуваа надоаѓање на летото, а Априлските спомени се повеќе се туркаа подлабоко и се закопуваа. А таа секоја вечер потсетувајќи се, се обидуваше да ги откопа повторно, да ги земе во прегратка и да ги зачува некаде блиску до срцето. Беше Април во Скопје. Еден убав Април. Април кој раѓаше една љубов. Една забранета љубов. Љубов од која таа се обидуваше да се откаже.

Но, залудно, срцето си има свои причини…

–  Јаневска Марија 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: