2 Коментари

Уште една водка Лола, само уште една

Тој ден како сè да се промени за 360 степени.
Прекрасното сонце избега и не остави ни трошка топлина,
ветерот ги корнеше расцутени гранки иако беше април,
А мирисот на раната пролет заталка некаде далеку.
Април наеднаш стана декември и Скопје стана тмурно.
Небото се бунешe. Не знам дали тагуваше или ми се лутеше на мојата наивност.
Не знам дали тагуваше за нашата љубов која сеуште се надевав дека постои,
или се нервираше затоа што толку наивно дозволував да ме изигра, повторно и повторно,
а потоа на неговиот глас повторно се насмевнував како некој вечен верник.
Си се лутев себе си зошто срцето проклето му верува,
им се лутев на солзите зошто бараат утеха во уште една чаша водка,
ги гледав искинатите холахопки од таа вечер и
помислував на секоја песна на која телото ми се движеше,
на секоја салса, на секоја чачача, на секоја ламбада.
Како физичката болка од штиклите од петнаесет сантиметри
да ја надвладееше онаа од внатре, онаа која лиеше река од солзи.
А утредента го запалив автомобилот и тргнав. Дождот сè повеќе се разбеснуваше.
Отидов на она место кое ме потсетуваше на него.
Се насмевнував на луѓето околу мене и повторно одглумив дека сум совршено добро,
сè е така совршено колку и плетенката замотана околу мојата пунџа.
Се потсетував на неговата прегратка,
на неговиот мирис кој толку добро се вклопуваше со мојот, на неговите ветувања,
и ладнокрвно нарачав од неговото ладно макијато.
Знаев дека времето лекува сè,
но знаев и дека повеќе нема да дозволам времето да ме лекува.
Лола нема срце.
Лола најде дрога против онаа љубовната дрога.
Лола ги уништи солзите.
Лола ја уништи болката,
стави црвен кармин на своите усни,
црна маскара на своите сини очи и
ги облече своите високи потпетици.
Отпи од кафето кое се виореше низ коцките мраз
и така вештачки насмеана климна на прашањето на другарката до неа,
а во себе си рече:
Уште една водка Лола, само уште една.

– Јаневска Марија, 2012

2 comments on “Уште една водка Лола, само уште една

  1. Dokolku nesto se svrtelo za 360 stepeni toa znaci deka se vratilo vo sostojbata vo koja bilo pred da go pocne svoeto dvizenje, odnosno se ostanalo NEPROMENETO…

    • Да, се вратило во иста состојба, но притоа тој чиј живот се свртел за 360 степени поминал мачен ролеркостер и животот за него, ни под истите околности, никогаш повеќе нема да биде ист.🙂
      Мислам дека треба подлабоко да погледнеш во значењето на зборовите кои сум ги напишала. Сите зборови се онакви какви што се поради причина за која сум размислувала долго време, не ме потценувај.🙂

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: