Напишете коментар

Срцето во стаклено ѕвоно

ImageКафените прамени се лелееја на мартовскиот ветар, а мирисот на липа кој со години ѝ предизвикуваше алергија ја потсети на тој март – спомен стар четириесетина години. Нејзината убавина беше сочувана како капка на дланка и после 40 години. Се потсетуваше на зборовите кои едвај собра храброст да ги проговори – дека се плаши од времето, затоа што ќе ја натера да заборaви. Но и покрај спомените кои никогаш не сакаше да ги заборави го одбра другиот, оној кој знаеше како грижливо да ја љуби. Оној кој знаеше да ја цени, оној кој се заљубуваше во нејзината инаетливост, во нејзината брборливост, оној кој беше опседнат со секој збор проговорен од неа. Оној кој го одржа ветувањето и секое утро и понатаму ѝ вареше топло кафе, и понатаму ја потсетуваше колку многу ја сака.

Тоа утро, повторно седната на тремот, обвиена во сината наметка, го погледна со сета онаа восхитеност додека ѝ го носеше утринското кафе – не можеше да поверува како еден маж може толку многу да љуби една жена, да не и ги приметува маните. И повторно се сожали самата на себе, што не можеше да го љуби онолку како што го љубеше оној од спомените од стариот март.
Отпиваше од турското кафе подготвено со толкава внимателност и се потсетуваше на таа пролет. Онаа пролет кога се откажа од љубовта. Се откажа од оној кој ГО љубеше и отиде кај оној кој ЈА љубеше. Реши да остане со оној кој секогаш ќе ја чува. Таа пролет ја уби нејзината внатрешност, ја продаде душата за да ја сочува својата мирна префинета надворешност. Го реши она најтешкото, дали да го одбере оној кој го љуби или оној кој ја љуби.

Едниот ѝ даваше мир и сета љубов на светот, но таа упорно трчаше по оној кој ја правеше нервозна. Трчаше по оние ноќи полни со делириум, преполни со страст. Полни со бакнежи, а потоа полни и со солзи. Едниот ѝ ветуваше бајка, но таа упорно го сакаше темниот витез. Како да беше проклето зависна од несигурноста која тој ја носеше со секој негов потег. Едниот ја ценеше, едниот ѝ симнуваше звезди и таа сè што посакуваше беше да го љуби токму него. Но, го љубеше другиот.

И по сите овие години никогаш не сакаше да ги заборави сите оние работи – оние морници кои ја полазуваа кога ќе ја прегрнеше, оние бакнежи кога ќе заплачеше, виното кое ја опиваше, ноќите кога целосно се предаваше и се надеваше на љубов. Се надеваше на него. Но, дојде и таа вечер – молњите кои превриваа во неа, солзите кои никако да излезат ја направија огорчена личност. И таа се исплаши. Се исплаши дека ќе се навикне на скршено срце. И реши да го сочува срцето во стаклено ѕвоно, да се откаже од искрата која се раѓаше во нејзините очи секое утро со надеж дека ќе го види. Да се откаже од сè, само за да го сочува нејзиното срце. И се откажа во љубовта.

Таа беше иста – велеа сите, но никој не го знаеше тоа. Само таа, секој март се сеќаваше на она што си вети дека никогаш нема да го заборави. Но таа, сепак, беше иста. Таа, сепак, беше иста. Навистина беше иста. Нејзината убавина беше сочувана како капка на дланка и после 40 години. Но, искрата… искрата никогаш повеќе не се роди.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: