2 Коментари

Мала за љубов

ImageДевојче, не можеш ти тоа да го разбереш. Не го очекувај тоа од мене. Нема да го добиеш. Мала си. Не разбираш!” – уште еден удар од неговите усни. И ја тресна вратата од неговото срце, иако знаеше дека не го заслужува тоа. Како да чекаше да се откаже. Тој сметаше дека така е подобро за неа. Но, таа ја слушаше единствената причина која спиеше во неа, единствената искра. Зар беше толку тешко да се сфати – таа го љубеше. Тоа ѝ беше доволно. Секое утро забораваше на неговите удари и со нови сили – повторно беше тука за него.

Овој пат солзите застанаа. Како да разбраа нешто. Го побараа своето срце назад од масата и се откажаа од последната партија покер.

Знаеш што?” – извика налутено. За прв пат во животот, лута на себе. “Во право си. Мала сум. Треба многу работи да научам. Како прво треба да научам да се откажувам. Треба да научам дека не е доволно само јас да те сакам тебе, дека треба и ти да ме сакаш мене, но дека јас не можам да те натерам на тоа. Дека баш фактот што толку многу ме повредува тоа што го правиш е вистината за нас двајца која јас толку многу сакам да ја избегнам. Вистината која не сакам да ја прифатам. И треба да научам дека едноставно, едностраната љубов не е љубов. И да се откажам. Да продолжам понатаму…” – како камен од срце да ѝ падна. Воздивна. А, потоа се погледна себе си.

Го проговори последниот збор и ги пушти солзите. Знаеше дека нема повеќе што да изгуби. Не можеш да го изгубиш она кое никогаш и не си го имала.

Па замина. Така гордо. Ја носеше својата болка како и своите штикли. Колку и да ја болеше сите гледаа само колку е таа убава. Одмаршира кон иднината. Му се насмевна на минатото и продолжи. Знаеше дека ќе ја разбере.

– Јаневска Марија, 2012

2 comments on “Мала за љубов

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: