Напишете коментар

Кога срцето камен бидува

ImageПонекогаш се прашувам
дали љубовта вистински постои?
Се прашувам длабоко и искрено.
Се замислувам, се сомневам
и заплакувам затоа што не наоѓам одговор.
Срцето ме пече, па на искреноста и велам
Оди си, јас повеќе не ќе љубам.

Но, само го лажам срцето,
а потоа безусловно му се извинувам
кога повторно ќе се заљубам
и ке дозволам да биде повредено.
Веќе скршено, пробувам да го составам
и повторно му велам
Биди добро, јас повеќе не ќе љубам.

Но, штом утрото осамна,
разумот повторно уморно од непреспаната ноќ заспа,
а срцето повторно се заљуби.
Се здружи , иако во сомнеж, со искреноста
и ете, пак се распарчи.
Некој повторно го искористи, си поигра и го отфрли.
Овој пат срцето крвари се посилно,
како со нож некој да ме беше забодел во сеуште ревката рана.
Па сега викам на цел глас во ветување
Камен постани, јас повеќе не ќе љубам.

Ладнокрвноста и арогантноста
ми станаа добар ден,
а јас се заледив.
А зар може на ледено да му биде ладно.
Зар мраз можеш да прободеш,
зар камен можеш да скршиш?
Конечно, разумот се пробуди, па одѕвони
Од искреност не бидува,
од добрина лишува,
остани од камен потврдо,
од мраз поладно,
камен над камен,
камен од камен,
јас повеќе не ќе љубам”…

– Јаневска Марија, 2011

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: