Напишете коментар

Велат дека е скршено срце, она што боли

ImageСедев така стуткана во седиштето и со главата потпрена на воланот. Не постоеше посигурно место на светот од ова. Овде бев сама, овде бев своја, овде бев сигурна и заштитена. Единствено место на светот каде можев да ја испуштам и душата, да ја отворам и да си дозволам да бидам искрена самата со себе. Да си признаам дека не сум толку силна. Но, и ова место ме потсетуваше на него, и на ова место ме демнеше неговиот глас и еден збор. Само еден.

Дишењето ми стануваше сè потешко и потешко. Како некоја грутка да ми се беше заглавила. Повеќе не можев ни да ги отворам очите. Само чувствував врели капки кои ми се тркалаа по образите, а во себе сеуште го чувствував неговиот парфем. Се прашував дали некогаш ќе изветрее, се прашував дали и ова е случај кога времето нас ќе нè претвори во спомени или засекогаш ќе останат во мене како болни отисоци.

Целиот ден беше премногу болен за да се потрудам да го заборавам. Не беше рана која туку така времето ја залекува. Не беше болка од која не можеш да спиеш, но со тек на времето отапува. Беше болка која не ми даваше мир. Болка која ми го зема и последното парче гордост и ме натера да се понижам. Мојата искреност молеше да не биде повредена, но залудно. Искрените зборови беа прегазени, чистите солзи беа извалкани. Како и секоја приказна, ветувањата дека ќе те чува и ќе те штити се секогаш лажни, бакнежите со кои те осипува на крајот излегуваат искварени, а приказната била само така рачно напишана на салфетката која ја служат со едно секојдневно ладно макијато колку само да излаже една невина љубов.
Барем да беа болни сеќавања, барем да беа лоши мигови, барем да беше закиселено вино или горко кафе. Барем да можев да го мразам од дното на душата, барем да можев да се вратам назад…

Велат дека е скршено срце она што боли, но всушност боли целото тело.

– Јаневска Марија, 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: