Напишете коментар

Цитати: „Преку глава“ – Јаневска Марија

ImageПонекогаш и доаѓаше преку глава. И доаѓаше да го отвори плакарот со штикли и да ги фрли сите десетици, стотици прекрасни штикли преку балконот. И доаѓаше да го рашкрта планерот, да ги испокине сите страници кои ја потсетуваа колку животот и е искалкулиран и предвидлив и да ги запали и да ужива во димот. Да избега од совршениот социјален живот каде се` и беше маска. Да земе една чаша вино и да ужива во пламенот кој и врескаше слобода додека нечии машки раце ја допираа одзади по вратот. Понекогаш, некоја вечер се случуваше да се врати рано дома во примерно време и да застане пред огледалото. Совршен портрет. Шминка и фризура во која биле вложени саати, тело за кое душата си ја мачела со месеци, облека комбинирана без грешка и една душа желна за љубов. Погледот и беше празен и хронично меланхоличен. Нанесениот нежно розов кармин беше жеден да биде размачкан, а совршените прамени од таа коса со боја на костен молеше да биде разбушавена од љубов. Безволно знаеше така загледана во огледалото да ја отпушти случајно ташната од раце без сила и тресокот да ја разбуди, а потоа безволно да се довлечка до кујната. Да земе флаша со црвено вино и една чаша и да се довлечка уште по безволно така боса до работната маса. Никогаш не палеше светло. Само ќе ја повлечеше канцелариската столица на вртење, ќе ја свртеше кон балконот, ќе ги тргнеше завесите за да може да уживе во погледот и скупчено со чашата вино во рака ќе седнеше. Мечтаеше за дечко кој вреди. Дечко кој ќе има храброст да и пријде и да ја запознае мистериозната во неа. И беше преку глава од испратени пијачки, испратени цвеќиња и воздишки каде и да поминеше. Сакаше акција. „Маж кој знае што сака и без сомневање го добива.“ Се загледа во месечината која штотуку почнала да се полни. „ ….ќе запознаам некој кој ќе ме натера да сфатам зошто не профункционирало со никој никогаш пред тоа. Некогаш…“ – изусти трпеливо во темнината и отпи одлучно уште некоја голтка вино. 

- Јаневска Марија, 2013
http://www.youtube.com/watch?v=5rxHvVDocoI

About these ads

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Следи

Get every new post delivered to your Inbox.

Join 286 other followers

%d bloggers like this: